Марија Симеонова – жетварска убавица за 2018 година

 Кочани, 28.09.2018

Седумнаесетгодишната Марија Симеонова, ученичка во гимназијата „Љупчо Сантов“ е избрана за жетварска убавица за 2018 година. Таа ги освои гласовите на жирито кое одлучуваше на традиционалниот избор што се организира во рамки на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

ubavici02Од  дванаесетте девојки што учествуваа на годинашниов избор, за прва придружничка на жетварската убавица беше избрана Вања Дојчинова, а за втора Благица Христоска и двете ученички во „Љупчо Сантов“.

Во музичко-забавниот дел на изборот учествуваа членови на танчарската школа „Ит д` бит“ на кочанецот Илија Карадакоски и танцовиот клуб „Степ ап“ од Битола.

ubavici01Трите најубави жетварки ќе учествуваат во обичајот зажнејување што во присуство на делгации од повеќе држави и амбасади ќе се изведе утре, 29 септември, на нива во Институтот за ориз во Кочани.

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ денеска се одигруваат натпревари од турнирот во баскет, а вечерва настапуваат Ouroboros, Драган Теодосиев квартет, Sethstat и Мирко Попов, како и  тетовскиот музички состав Conquering Lion.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе