Штип, 30.10.2018
Денеска во Штип, во населбата „Сењак 4“ беше поставен камен-темелникот на новата детска градинка како еден од приоритетните објекти од значење за Штип.
На почетокот на изградбата на градинката присуствуваа и градоначалникот Благој Бочварски како и дејан Павлески, заменик минстер во министерството за локална самоуправа.
Бочварски напомена дека се работи за капитален проекто кој ќе им служи на граѓаните на Штип. Градоначалникот уште потсети дека нова детска градинка во градот се гради по пауза од цели 30 години.
„Детската градинка е со вкупна површина од 1498 м2 ќе чини 31.871.710 денари од кои 16.000.000 денари се обезбедени од Источниот плански регион а останатото од буџетот на општината. Овој објект го градиме во текот на првиот мандат на оваа штипска локална власт. Детската градинка е многу значајна за општина Штип и за најмладите заради тоа што во овој момент имаме големи потреби за нови детски градинки и капацитети за сместување на дечињата,“ изјави Бочварски.
Павлески пак порача дека преку соработка на централната и локалната власт, се решава едно многу значајно прашање за 200 млади семејства.
„Владата на Република Македонија посветено работи на решавање на суштинските потреби на граѓаните. Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој оваа година во Источниот плански регион се реализираат 10 нови инфраструктурни проекти или техничка документација во вредност од 35,5 милиони денари, од буџетот на државата. Тенденција е овие средства да се зголемуваат,“ рече Павлески.