Рудник САСА инвестираше во реконструкција на терени за спорт

Македонска Каменица, 02.11.2018

Благодарение на соработката помеѓу локалната самоуправа и Рудник САСА, младите, спортистите и граѓаните на Македонска Каменица од денеска ќе можат да спортуваат, да се рекреираат и дружат на целосно реконструираните спортски терени лоцирани во рамки на основното училиште „Миле Јанески Џангар“ во центарот на градот.

FOTO 2_Novo igralishteПокрај неопходните градежни активности, со планот за реконструкција на овој спортски објект беше опфатено и поставување на 800 квардатни метри специјална „спуртон“ подлога, поставување на современи кош-конструкции, игралиште за мини фудбал и терен за популарниот „тенис со нога“.

FOTO 1_novo igralishteОценувајќи ја како важна инвестиција за развојот на младите и спортистите во градот и неговата околина, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во своето обраќање при пуштањето на новите спортски терени, меѓу останатото се заблагодари и на рудникот САСАшто ја препознал потребата и ги одвоил неопходните средства за реконструкција на спортското игралиште.

Во името на целата компанија и нејзините вработени, генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној искажа задоволство од успешната реализација на овој проект, што според сите оценки претставува еден од најважните приоритети за младите, за спортските клубови и за сите жители на Македонска Каминица кои го сакаат спортот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе