Штип, 30.11.2018
Денеска кај месноста Пенуш во општина Штип се изврши пошумување на крајбрежјето на реката Брегалница. Оваа активност се спроведува во рамките на програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарска агенција за развој на соработка.
На пошумувањето присуствуваше градоначалникот Благој Бочварски, директорот на ЈП Исар, советници и ученци од две средни училишта.
Бочварски рече дека пошумувањетто се врши на едно многу значајно место за Република Македонија и за Општина штип кое е одбрано поради специфичноста на растенијата кои растат овде. Тој посочи дека акцијата со цел да се збогати овој вид на растенија кои ги снемува
Пошумувањето беше во организација на Источниот плански регион, Општина Штип а преку програмата на Швајцарската агенција за развој.
На оваа активност од страна на професори на Шумарскиот факултет во Скопје, беше презентирано како правнилно се засадуваат дрвца и како тече нивното одгледување.