Пробиштип, Свети Николе и Штип ќе добијат станбени згради за лица во социјален ризик

Штип, 14.12.2018

48355718_516515405535409_6367077755468644352_n_447x600
Боро Димков

Прво во Пробиштип и Свети Николе, а потоа и во Штип ќе се градат станбени згради за лица во социјален ризик. Зградите ќе ги гради ЈП за стопанисување со станбен и деловен фонд преку подружницата Штип.

-Согласно програмата за изградба на станови за лица во социјален ризик во 2019 година ќе започеме со изградба на станбена зграда во Свети Николе со 54 станбени единици и во Пробиштип со 58 станбени единици.Постапката за зградата во Пробиштип е во напредната фаза, за Свети Николе во тек е изработката на проектната документација а за во Штип во тек се интензивните подготовки за изнаоѓање соодветна локација на која ќе се гради една ваква зграда, вели Боро Димков, раководител на подрачната единица Штип.

Во план е изградбата на вакви станбени згради со кои се обезбедува квалитетно домување на лица и семејства кои се во социјален ризик да започне идната година.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе