ШТИП: Започнаа активности за населбата Сончев Град

Штип,04.02.2019

По завршување на снежните наноси и лошите временски услови, ЈП Исар ургентно започна со градежните активности на населбата Сончев Град во урбаната населба Дузлак во Штип.

Денеска градоначалникот Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев извршија увид во започнатите работни активности во населбата Дузлак, Сончев Град.

duzlak 1„Се разботи за изведба на 800 метри водоводна и 850 метри канализациона линија во оваа населба. Денес го објавуваме стартот на градежните активности по однос на изградба на канализација и водовод, а веднаш потоа ќе пристапиме со изградба на улиците до овие објекти“, рече Бочварски.

Тој порача дека овде ќе имаме 850 метри канализациона мрежа и 800 метри водоводна линија со инвестиција од околу 2,5 милиони денари.

Во населбата Дузлак се продадени плацови во 2016 година, а до почетокот на 2019 година сеуште не беше започната изградбата на инфраструктура за корисниците.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе