Берово, 11.07.2019
Туристичката понуда општина Берово ја збогатува со изградба на пешачко-велосипедска патека. За таа инвестиција договор потпишаа Драгица Здравева, раководителка на Центарот за развој на Источниот плански регион и Звонко Пеќевски, градоначалник на Берово.
-Овој проект финансиски тежи седум милиони денари од кои шест милиони се обезбедени од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој преку Центарот за развој на ИПР, а еден милион денари е учество на Општина Берово, информира Здравева. Овој проект ќе биде имплементиран од Центарот за развој на ИПР и Општина Берово, а истиот треба да ја подобри туристичката понуда во урбаниот центар на Малешевијата кој од година во година станува се поразвиена туристичка дестинација
-Патеката ќе минува низ централното градско подрачје на Берово. Ќе започне од мостот на улица „11 Октомври“, а ќе заврши кај мостот на улица „Вељко Влаховиќ“. На тој потег ќе се постави ново осветлување, ќе се уредат стари, запуштени патеки, ќе се изгради детски забавен парк. Со помош на ИПР ние одиме напред во туристичкиот развој и во разубавувањето на нашето Берово, вечи градоначалникот Пеќевски.
Во однос на развојот на туризмот Пеќевски укажува на фактот дека во напредната фаза е асвалтирањето на патото од Берово до туристичката населба на брегот на Беровско езеро на кој веќе се ставени два слоја асфалт. Покрај ова нов асфалт се става и на главната улица во градот, а деновиве започна да се поставува нов асвалт и на патото Виница-Берово.
Сето ова треба да допринесе овој преубав туристички локалитет да стане полесно достапен за бројните туристи кои доаѓаат од нашата држава но и од странство.