Кочани, 01.08.2019
За еден месец од воведувањето на мерката „Мој ДДВ“, кај граѓаните завршиле 965 илјади евра. Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев денеска ги соопшти податоците поврзани со оваа даночна мерка, истакнувајќи го нејзиното значење и на локална ниво.
– Според податоците на Управата за јавни приходи, заклучно со 31 јули, се скенирани 7.205.376 фискални сметки, со кои е остварен промет од 3.658.174.686 денари, односно од скенираните сметки вкупно е пресметан ДДВ од 395.725.302 денари. Од нив кај граѓаните завршиле 59.358.795 денари или 965.000 евра. Тоа значи дека мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ , позната како „Мој ДДВ“ , ги дава резултатите за што беше воведена. Всушност резултатите се двојни, затоа што оваа мерка враќа пари кај граѓаните и тие сè почесто ги бараат фискалните сметки за производите што ги купуваат или за услугите што ги користат. Намалувањето на даночната евазија придонесува и за зголемување на буџетот, а со тоа се отвора можност за реализација на повеќе проeкти коишто се од корист за граѓаните – изјави градоначалникот Илијев.
Преку данокот на додадена вредност се слеваат средства и во општинскиот буџет, од каде се реализираат проекти од суштинско значење и за локалната средина.