ВИНИЦА: Средба со делата на роднокрајните автори

Виница, 27.08.2019

Во програмата за одбележување на „75 години слободна Виница“ музејот „Теракота“ – Виница на 29 август со почеток во 20 часот во изложбениот простор на Дом на културата „Тошо Арсов“ организира

„ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ“.

 На изложбата се претставуваат 27 автори од Виница и виничко, од најстарите до најмладите генерации ликовни уметници и автори кои немаат ликовно образование но се вистински мајстори во уметничката сфера во која творат. На изложбата се претставуваат: Петар Гугушевски, Ѓеорги Даневски, Јаким Јованов, Бранко Јанкуловски, Гордана Вренцоска, Миливој Симеонов, Катица Алексова, Дејан Спасов, Дарко Богданов, Соња Димитрова, Александар Богданов – Чоки, Благица Стојановска, Иво Пецов, Даринка Даневска, Гоце Јанкуловски, Александра Филипова, Маријана Иванова, Филип Тренчовски, Блаже Анакиевски, Драгана Павловска, Димитар Костадинов, Сашко Темелков, Ѓорѓи Ристов, Лјупчо Георгиев, Тони Лесански и Марјан Илиев.

Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со музички настап на Ангелина Катмерова – Алексова на флејта и Марија Лазарова на пијано.

Музејот „Теракота“ ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од убавиот настан.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе