Свети Николе, 26 декември 2016
- Признанието на Ѓорчев му е деоделено за неговиот придонес во јакнењето и продлабочувањето на културните врски со Србија
Наградата „Икар“ која ја доделува Здружението на македонци за северна Бачка со седиште во Сомбор еминентната награда за книжевни остварувања од значење за македонската литература и култура му ја врачи на поетот, романсиер и карикатурист проф. д-р Јордан Ѓорчев.
На свеченоста во Сомбор, на која присуствуваа и познатите македонски писатели Васил Тоциновски и Христо Петрески, на кои исто така им беа врачени награди, беше речено дека признанието „Икар“ му се доделува на Ѓорчев за неговиот придонес во негувањето и продлабочувањето на културните врски со македонците во Србија.
На оваа манифестација свои дела читаа Тоциновски и Петрески, додека на Јордан Ѓорчев му беше приреден книжевен портрет. Овој наш автор пред публиката во Сомбор се претстави и со изложба на карикатури.
„Пред настапот во Сомбор, имавме настап и во Белград на Фестивалот на хумор и сатира „Пополнета празнина за празен лет“. На овој фестивал ние како претставници на Македонија настапивме со афоизми и карикатури“, ни рече проф.д-р Христо Петрески. Тој информира дека Мегународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола потпишал спогодба за соработка со Сојузот на афористичари од Белград кој делува под името БАК – Белградски афористички клуб. Во Панчево Сојузот на млади од Србија најави претставување на творештвото на Ѓорчев и во овој српски град и издавање на книги од овој автор.