ШТИП: Сергеј Михајлов си „дојде“ дома

Штип, 27.08.2019

Големиот музички педагог, рускиот емигран во нашата држава Сергеј Михајлов конечно си „дојде“ дома, во Државниот музички училишен центар во Штип кој го носи неговвото име. Негова слика со годините на неговотро раѓање и неговата смрт денес е поставена на ѕидот врднаш до влезот на училиштето, информира

м-р Горан Кавраков директор на училиштето.

Така и учениците на ова многу наградувано училиште ќе знаат како изгледал човекот кој истото го формирал.

Сергеј Михајлов е роден на 31 август, 1885 во градот Харков во тогашна Русија, а денес град во Украина. Животот сакал многу млад да остане без родители по што дошол до Солун од каде продолжил кон Гевгелија и таму извесно време работел како музички педагог во тамошно училиште. Во Гевгелија останал една година по што се префрлил во Штип каде го формирал музичкото училиште во кое се до својата смрт во 1975 година работел како директор и педагог.

На предлог на друштвото за македонско-руско пријателство и соработка, а по долго инсистирање, музичкото училиште, пред неколку години, го доби неговото име.

Михајлов останува забележан во нашата музичка историја како човек кој во 1925 година ја поставил првата опера во Македонија. Било тоа операта „Палјачи“ во која настапиле Благородна Бурева, Славко Нетков. Ристо Ѓурѓичков и Андреј Шчербаков.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе