Соопштение – писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип

Штип, 27.3.2020 г.

Почитувани,

Во ек на борба со пандемијата COVID-19, во ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со профитерство и се обидуваат да жнеат поени.

Кога станува збор за мерките потребни за справување со последиците од пандемијата COVID-19, Владата предводена од СДСМ ќе ги спроведе сите мерки со кои негативните ефекти од оваа криза ќе бидат сведени на минимум.

Но, тоа не сака да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ единствената партија која не сака државните пари наменети за нивните партиски активности за изборите да се пренаменат за справување со коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која не се согласи со уредбата на министерката за правда, Рената Дескоска, со која треба да се укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година.

На ВМРО-ДПМНЕ парите им се поважни од борбата со коронавирусот.

Што се однесува до времено ангажирани лица во институциите, вистината е дека нивниот број е помал отколку во минатото, кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ нека кажат дали со нивната денешна прес-конференција сметаат дека треба да се прекинат ангажманите на лицата ангажирани во здравстениот систем, бидејќи голем дел од ангажираните се токму во тој сектор.

Ние од СДСМ досега многупати докажавме дека граѓанинот и работникот е секогаш во центарот на нашите мерки и водиме грижа за нивниот економски, општествен и здравствен статус.

Така ќе продолжиме и понатаму.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе