ШТИП: Во септември пробно пуштање во работа на аква паркот

Штип, 31.07.2020

Штип годинава добива најсовремен аква парк по светски стандарди каков што нема на друго место во Македонија. Аква паркот е стопроцентна инвестиција на познатата штипска компанија „Оаза екстра скопско“ и зафаќа вкупна површина од 15.000 метри квадратни.

Според Љупчо Манџуков, сопственик на компанијата која реализа една од најголемите и најпосакувани инвестиции во Штип и во регионот, опремата е најквалитетна и разновидна, посакувана од деца, млади и повозрасни лица, а е набавена од Турска компанија која е специјализирана за вакви проекти.

-Имаме силна динамика на изградба зашто ја чувствуваме огромната желба на штипјани за еден ваков објект. Ова е скапа инвстиција, ние планираме цени кои ќе овозможат на поголем број наши сограѓани и на гости од други градови да го користат аква паркот. Во план ни е сезонава да направиме макар пробно отворање, да видиме како тоа ќе функционира, а од идната година целиот комплекс да функционира како што е замислено, ни рече Манџуков.

Во состав на аква паркот ќе биде и голем базен под кого е инсталирана комплетна филтер станица со најнова технологија, како и убав ресторан каде посетителите ќе можат да набават храсна и пијалоци и од кој ќе се пружа преубав поглед на аква паркот.

-Во аква паркот квалитетот на водата ќе биде како и онаа која ја пиеме од градскиот водовод, коментира Манџуков.

Во втората фаза која ќе се реализира идната година ќе се уредуваат тениски терени, а ќе се гради и катна гаража која ќе може да прифати 124 возила.

AKVA02 AKVA03 AKVA04 AKVA05

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе