Во животот и професионалната кариера сум се сретгнувал и пријателствувал, мегу другите, и со познати адвокати, од Охрид, Скопје, Белград…
Поради актуелноста на моментот ќе издвојам двајца, Сашко Дукоски и Тома Фила, “ПРИНЦОТ НА СРПСКАТА АДВОКАТУРА”. Со вториот пријателствувам со години, ми споделил дел од неговите “свети тајни”, од случаите со Слободан Милошевиќ, Жарко Лаушевиќ, Никола Шаиновиќ, банкарката на Милошевиќ, Борка Вучиќ, хашките осуденици, за многу убијци и криминалци (виновни и невини!), сето тоа собрано во неговата книга “Завршна реч”.
Пријателствувањето со скопскиот адвокат Сашко Дукоски, е искрено, другарско, пријателско, но, досега, само на социјалнмите мрежи.
![](https://istokpress.mk/wp-content/uploads/2025/02/476922079_10231548306783244_3054727900071207519_n-225x300.jpg)
Во адвокатурата ФАКТИТЕ СЕ СВЕТО НАЧЕЛО! Не ја исклучувамн можноста некој од новинарите и “новионарите!”, да ја прескокнал светоста на ова начело. Не има секакви и со секакви намери.
Сашко Дукоски, проценил, најверојатно со право, дека во македонската јавност, пред се, во некои медиуми и “медиуми!”, се претерало со шпекулациите околу фактите.
Како бранител тој се одлучил да организира прес конференција со родителите на клиентот, што јас, да сум на негово место не би го направил, иако, од аспект на бранител, тој е должен на клиентот да му обезбеди ПРАВИЧНОСТ во постапката.
Самиот тој вели дека секој има право да излезе на улица и да протестира, ама институциите во судска постапка требало да си ја завршат работат.
Не сум правник и не навлегувам во тоа дали, од постапката може да биде дел и претходна прес конмференција, затоа што сме навикнати постапката да ја следиме и третираме само во судница, пред судски совет кој дели правда.
Арно ама, во Македонија одавна се дели неправда, а не правда. Во тој одиум од јавен бес, за усмртувањето на Фросина, таквата постапка, се доживува како дотурање сол на љута рана. Во овој случај, раната не е само кај родителите, туку таа е национална рана. Нацијата жали за младиот живот, бара правда за Фросина.
На фонот на јавната жалост и бес, дознав,ме дека Васо Јованов бил веќе суден за дилање на кокаин и марихуана, дека правосилноста на пресудата си ја чекал на слобода, што е претпоставка, дека, ако некој несовесен не му гхо овозможел тоа, немаше да биде одземенна невин младешки живот.
Опоменувачки е штпо пресудата од три години и девет месеци затвор за дрогата, се случи дури откако се крена народот и порача дека правда мора да има, што значи дека, некој кој дебело крка народни пари, соучествувал во чпогибијагта нма Фросина.
Фросина веќе не е само страдална личност. Фросина е катализатор на сите неправди кои произлегуваат од јавно опбвинителскиот и судски систем, Фросина ќе биде крешчендо на бунтот против неправдата.
Фросина страдалничката, со својата прерана насилна смрт, само ја прелеа чашата на, со години гоминалниот бес кај народот, за неправдите што ги трпи од институциите на сиостемот. Фросина е чкрапалото за стрелба кон институциите, кои, или спијат, или постојат само на хартија, дури и по мерка на лошиот, криминалниот слој од нашето ошпштество
Ете, се случи, погибијата на Фросина да дојде во момент на поширок балкански и светски контекст, на будење на јавноста, бунт против институциите, неказновоста, раскалаѓжшеноста, јавашлукот, ендемската корупција ….
Тој факел го запалија српските студенти. Погибијата под стреата на новосадската железничка станица, беше иницијалната каписла за експлозијата од насобраната неправда, претходно со погибијата на дузина соученици на малолетникот Кецмановиќ (случајот “Рибниокар”).
Малку беше тоа, па живи изгорера десетина стари и болни лица, во некаков старечки дом, какви ги има и во Македонија и е вистинско чудо, што досега не ни се случи нешто како белградското “чудо!”, ама ни се случи “чудото!” во Тетово, кога живи гореа пациенти и нивни роднини.
Младоста побара одговорност. Во 1968 година, бев студент во прва година, кога младоста тргна од Студентски град во Белград, за што доби пендреци, а шпанскиот борец од граѓанската војна, Вељко Влаховиќ, патерици, излезе пред нив и побара од тогашната “народна милиција” да ги тргне тие ” медвеѓа говна!” од грбовите на студентите. Затоа што тѕогашната мчладост во очи му рече:”Вељко сетио се Шпаније”!
Пред неколку дена Синиша Ковачевиќ, испрати предлог до Нобеловиот комитет за Нобелова награда за студентите што беше прифатено. Би сакал да верувам дека ќе се крене младоста по целиот Балкан и дека Нобел ќе оди во рацете на студентите, а не во некој Трамповски “миротворец”, кој од Газа, откако Израелците ја срамнија со земја, бара да се расчисти во гола ливада за да прави нов Лас Вегас.
ВРЕМЕ Е ЗА ОПШТ БУНТ, ВРЕМЕ E ЗА НЕКОЈА НОВА ЏОАН БАЕЗ!
Познатиот прогфесор и поранешен минисгтер за финасии на Грција, Јанис Варуфакис потсетува дека српските студенти, ја покренаа совеста на нивните грчки колеги, за тоа што педесгтина живи факли од луге, пред се, млади, исто така студенти, гореа на пругата кон Солун.
-„Српските студенти одлучија дека е доста. Сега треба да дадат политички израз на она што следува. Ќе им биде потребна храброст и јасna цел. Верувам дека тие го имаат и едното и другото. Нека ни го покажат патот напред“.
Во Србија, бунтот го зачпочнаа студентите, после што им се приклучија професорите, пензионерите, гтрактористите, таксистите…Бунтот е сенароден сега.
Во ;Македонија, бунтот започна како сенароден. Сите имаме деца, внуки и внуци. На местото на Фросина можеше да се најде било чие чедо, како што и досега се наогало. Васко не е единствениот кабадахија. Ги имало и пред него, ќе ги има и по него.
Во држава на општа ала-граба, неказнивост и бахатос, се е, беше, и сеуште е можно. Сега дртжавата, институциите се на потег. Како што предизвикот е од сенародна опасност, како што бунтот е сенароден, така и реакциите на институциите треба да бидат сенародни, надпартиски, или, барем, интра-партиски.
Власта, владеачките партии, кобната судбина на Фросина, треба да ја разбиди. Иницвијативата за промена на судскиот совет, односно темелна реформа на судско-обвинителскиот состав, што доаѓа под власта, треба да се поддржи сенародно.
Сегашната опозиција не треба да се фемка како млпадеа невеста и да лови поени на дневна основа, туку, насекаде, каде интересот е сенароден, не само да биде заедно со владеачките паертии, туку да предњачи во иницијативите.
Сегашната опозивица носи многу гревови на душа. И за живите човечки факли во Тетово и оние на бугарските автопатишта, и за тешките коруптивни дела на своите министри и министерки кои купуваа ХХЛ облека за своите љубовници!
Па, и за самиот случај на погибијата на Фросина. Ликот и делото на Васо се градени со години, со децении. Фросина ја носат на душа конкретни лица кои со своето лошо поведение ја донесоа работата довде.
Конечно, ова самоиницијативно, спонтано народно будење, во форма на протести за страдалничката Фросдина, сесрдно да го поддржиме, затоа што граѓаните бараат владеење на правото и постоечките закони и нивна неселективна примена.
СТРАВОТ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА – ” НУЖДА МЕЊА ЗАКОН”!!!
За почеток високи парични казни. Возење без дозвола, веднаш одземање на возило. Тоа тенеќе не е вредно ниту колку насмевката на Фросина. Веднаш санкција за сопственикот на возилото. Стравот лозјето го чува, а ” нужда мења закон” велат Србите.
поранешни времиња, имаше одговорност затоа што имаше казнивост. Сега е општа НЕКАЗНИВОСТ, на сите нивоа, се пренесува како зараза, како епидемија,и постана пандемија. Нема авторитет во институциите, “авторитет” се мафијозите,кои ги потлачија институциите.
Треба да се почне со високи парични казни, за секој прекршок. Пред некој ден имаше наслов, во медиумите , како полицијата врши претреси кај поединци во централната зграда на МВР!!
ШТО ПОСЛЕ ОВА!? НИШТО, ТУКА Е КРАЈОТ, АКО ВЕДНАШ ИНСТИТУЦИИТЕ НЕ СИ ЈА ВРАТАТ НАЗАД ДРЖАВАТА КИДНАПИРАНА ОД МАФИОЗИТЕ.