БИСЕРО,  МОМЕ,  БИСЕРО, БИСЕРО “БИСЕР” БАЛКАНСКИ !?

Македонија, во моментов е еден огромен циркус “Медрано”. Ја шпартаат коњи липицанери, отфрлени метреси, лавови (секако!), дворски шутови (бездруго)!!!

Премиерот се жали дека не може глава да крене од митаџии, ресорниот министер се фали, дека, до 2026, ќе патуваме по новата магистрала до Кичево, а тој не е од тука, нема ништо со моево село, тој не беше овде кога неговиот премиер и лидер, ја удри првата лопата со “жутите!”, поред деценија и кусур!

На неговиот претходник (“Миле ми текна!)”, не му “текнуe” дека, и самиот негов шеф – премиер се чудеше, како, тоа,  издејствувал “дури 18 милиони евра рушвет!”, од “косооките!”. “Да не се многу, бе, Миле”!!!

И за да е се токму и по мерка на циркусот “Медрано”, на очекуваното ниво се пратеникот Лефков и пратеничката Костадинова Стојческа.

Бисеро, моме Бисеро, Бисеро бисер Балкански!

Левков и Бисера се самите за себе циркус “Медрано”. Или, илиустрација за големиот, националниот циркус, Медрано – Македонија!.

Левков е забава за народ, а Бисера е колаче за народ. Надимакот што и го даде Левков, совршено и одговара. Половина од народот нема леб да јаде, а Бисера ни нуди колачиња!

Левков, како да позајмил бројаница, или гердан бисерен, кој како милува, и,  секој ден, вади, одмотува, по едно бисерче. А Бисера нанижала, не еден, туку стоиеден гердан бисерен!

И Левков и Бисера се во голем проблем. Се разликуваат само по тоа што проблемот на Бисера е проблем и на СДСМ, а проблемот на Левгов е за него дневно мачење, а посластица за ВМРО ДПМНЕ.

Проблемот на СДСМ, всушност, е ретроактивен, РЕВЕРЗИБИЛЕН! Освестените во партијата, се исчудуваат како било можно, Заев од вреќата со толку кадри, да се фати за скафандерот!?

Поранешен пратеник, драг пријател од СДСМ, во момент на искреност, вели дека проблемот за СДСМ бил постар, од поставувањето на Бисера за министер. И тоа за култура!?

Проблемот настанал, уште кога таа била поставена за потпретседател на партијата. Не ја бива за министерка, срамота е и греота за членството и народот, ама, пустото – потпретседателка била !

Абе, таа може,. во партијата,  и претседателка да ви биде, ако немате подобро решение. Тоа си е ваш проблем. Аама, министерка – тоа е општ, национален проблем, национална срамота!

Ајде и тие запаленковците, внатре во СДСМ и тие неоптповарените, нека размилст:  како може, оваа личност, да биде на местото каде бил еден Ункоски, на пример, или порано еден Цветан Грозданов!? Разликата е космичка, а, и се гчледа од космосот!

По логиката на мојот пријател, поранешен пратеник од Охрид, сега може и вака:  а,бе таа, навистина е срам за СДСМ, ама пратеничка е!

На најголеми маки е, се разбира, Венко Филипче, За него, сега е – угоре високо, удолу длабоко. Таче, помладиот, како што се играше мајтап со Биасерната, на владините седници и во слободното време, на ист начин, сега си го тера мајтапот!

Не е негов проблем. Нека му ја мисли Филипче. И нему Заев му ја наметна. “Помина луњата, ебати гуњата”!

Сега, да не му си во кожата на Венко. Негов проблем не се само функционерите од партијата, туку и членството. ВО СДСМ, со децении наназад, се имаат вгнездено поединци, кои, мислат дека, секој од нив, поединечно е СДСМ! Тоа се неверојатни крлежи, кои само цицаат, со ништо не придонесуваат, а партијата е бранат како дедовина.

Еден конкретен случај како илустрација. Сега повеќе живеам на село, затоа што таму ми е местото. За  време претседателската кампања, се јавува, близок човек, колега од Кабинетот на Стево Пендаровски.

Ќе имаме собир на Сараиште, вели, ако си во Охрид, дојди, ако си горе – не мора.

За Стево ќе дојдам и на друга планета да сум. Патот под нога, право кон Сараиште, ме стигнува советничка од СДСМ, убава дама, влегуваме во просторот.

Ѓаолот нит ора нит копа. На првиот на кој налетавме, ми се обрушува: а, бе ти што бараш овде, бе, како не ти е срам, ти не си наш член, ти не напушти, што имаш ти со СДСМ!?

Слушај ти дибек, му велам (вол, по нашки!), јас не доагам за СДСМ!

Дибеков, случајно, да ти бил сопруг на локалната претседателка!?

Чичко Ванчо (Никиолески) коа ќе му дадев ракиичка, велеше: “со еден вол не се оди на порање!”. Еве уште еден пример. Пак од Сараиште.

Во претходната кампања за Стево, тогашниот министер Дамјан Манчески (се почитувавме и поради татко му, мој кочлега), ме покани да поминеме низ неколку струшки села и на крајот, завршно во Струга.

На завршното, шеткам низ салата, фаќам агли за снимки. Претседавачот (по игра на случајот и прв парламентарец, пред последните избори), подвикнува: “еј, дојди ваму, седни на масава со претседателствово!”

Што така, му велам? “Ти си авторитет, твојот збор се јаде, ќе се обфратиш пр5ед присутниве!”.

Сакал не сакал, поради Стево, се обратив. Поради “мојот личен авторитет!”, ми даде и два негови телефонски броја. До крајот на мандатот, остааа глуви!!!

Непосредно пред изборите, гледам, барање за пријателство на Фејсбук! Доцна е бате, помина возот, не ојт Мате Прилеп!

На Сараиште, ги пропушатам министерката Бисерна, како и пратеничката од Охрид (раскопуваше туѓи гробишта за да си обезбеди поповолна позиција и на тој свет!!!), а овој, од позиција на прв мегу еднаквите во парламентот, уште од далеку,  ми се фрла во прегратка!!!

Овде една информација, од пошироко значење, малку е позната. Овие горе, од владата и парламентот, како што ја поделија државата, беше ја поделиле и владината вила во Охрид, изградена во времето на Груја. Пола за влада (Таче), пола за  парламент (Џафери)!!!

Овој, стружанецов, на три дена претседател на Собрание (според Крушевскиот манифест!), не во Струга, не во седиштето на партијата во Охрид, туку, постариве активисти од СДСМ, ги повиокува на видување во владино – парламентарната вила во Горица!!!

Да се знае која кучка мрсно јала!!!

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе