ЕФЦСН го осудува полицискиот упад во граѓанската организација ЦРТА од Белград

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) остро го осудува полицискиот упад врз нејзината членка од Србија, ЦРТА, која ја управува платформата за проверка на факти Истиномер.рс. Овој инцидент претставува неприфатлив напад врз граѓанското општество, слободата на изразување и проверката на фактите.

Утрово, Управата за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи влегла во просториите на неколку големи српски невладини организации и издавачи, меѓу кои и ЦРТА. Провладините медиуми и таблоидите ја објавија оваа вест уште пред пристигнувањето на полицијата во просториите на ЦРТА. Упадот беше спроведен под маска на неоснована истрага за корупција во врска со користењето на средствата кои невладините организации ги добиле од американската агенција за меѓународен развој, УСАИД. Овие тврдења се очигледно лажни и се вид на заплашување на независна медиумска организација. Проверувачите на факти во Србија ја кажуваат вистината пред очите на власта. Овој упад од страна на српската влада не е ништо друго освен обид да се замолчи слободниот печат. Ги повикуваме српските власти да престанат со таквите акции.

Како член на ЕФЦСН, Истиномер.рс се придржува до највисоките стандарди на одговорност, транспарентност и новинарство, како што е наведено во Кодексот на стандарди на ЕФЦСН.

Вознемирувањето на проверувачите на факти кои работат на одржување на слободата на информации и демократските вредности во нивните земји е алармантен тренд кој зема сѐ поголем замав. ЕФЦСН изразува длабока загриженост за овој упад и стои зад Истиномер.рс.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе