Сеуште актуелниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи, во најмала рака треба да и објасни на јавноста во кое својство ги дава изјавите за време на претседателската кампања. Како министер за надворешни работи, или, како кандидат за претседател?
Не се спорни и за преиспитување само изјавите, туку и постапките.
Ако Бујар, ги дава изјавите како претседателски кандидат на една политичка партија од албанскиот блок, треба да знаеме однапред, дали тоа го чини – колку да му пукне козата на Таравари, и да придобие некој глас повеќе.
Ако е така, може да очекува да го разбереме зошто министертството, односно земјата, ги става во коведечка улога во ООН, во случајот на Резолуцијата за страшниот масакр во Сребреница, при дисолуцијата на поранешната Југославија.
Коспонзорството на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, Македонија ќе го докажува токму денеска (вечерва) кога се очекува да се усвои на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Но, како технички министер треба добро да размисли, каква услуга и прави со тоа на земјата? Може да го разбереме да се залага за унапредувањето на односите со Косово, откако земјата, принципиелно, ја призна независноста.
Ќе го разбереме ако се залага за членство на Косово во Советот на Европа. Ќе ги разбереме и ги разбираме и претставниците од Македонија, кои вчера се залагаа својски, на крајот и гласаа во прилог на Косово.
Волно, или, неволно за тоа ќе не разберат и Србите, кои за Македонците се најпосакуван сосед. Не заради козата на Албанците, туку заради реалните состојби, за тековната политика од српска страна кон интересите на Македонците, а со тоа и на сите граѓани во Македонија.
Но, која е потребата, Македонија да се истрчува, како прле пред магаре, во Обединетите нации!? Македонија може да се воздржи, може и да гласа во прилог на американскиот интерес за формално-правно третитрање на масакрот како геноцид, но треба да е свесна дека со тоа застанала на страната на оние, кои, се залагаат кон целиот српски народ, кон нашиот најпосакуван сосед, да се гледа низ призмата на геноциден народ!
Како одговор на бурните треакции во јавноста, Бујар денеска се пофали дека тој сам ги носи тие одлуки како министер и сам дал инструкција на нашиот амбасадор во ОН да биде коспонзор и да ја поддржи резолуцијата.
-Тие одлуки ги носи министерот самостојно како спроведувач на надворешната политика, вели Османи.
Можеби тој така мисли, меѓутоа има и други надлежни во надворешната политика. Го информирал ли Бујар претседателот Пендаровски, ако, веќе, со техничкиот премиер, Џафери си намигнале на некој партиски собир!?
Во вој случај, има уште една диманензија од аспект на Османи и Пендаровски, како противкандидати за претседателската функција.
Пресметал ли Османи, колку можни гласови, со ваквата постапка, ќе прелие од контото на Пендаровски на некое друго конто?
Србите во Македонија и не мора, баш сите до еден, да се постројат зад Стоилковиќ, како коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ, но, после ова, и те како ќе се престројат на таа страна!
Бујар може да наога оправдувања, да се затскрива зад општите начела, од типот, осудата на геноцид е универзална човекова должност, ама, сепак, останува горчливиот вкус, дека од лисјата не ја гледа шумата!!!
Веле Митаноски