ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ОД РУДНИЦИТЕ БУЧИМ И БОРОВ ДОЛ

Радовиш, 08.08.2024

Продолжување на роковите за јавни повици за превоз на работници и изведба на фасадерски работи

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ и ДПТУ Бучим ДООЕЛ ги известуваат сите заинтересирани страни дека роковите за доставување на понудите за следниве јавни повици се продолжени:

  1. Превоз на вработени:

 https://bucim.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/20240731-TEN-07-Превоз-на-вработени.pdfтендерите

  1. Изведба на фасадерски работи:

https://bucim.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/20240731-TEN-06-______.pdf

Оваа одлука е донесена поради доставувањето на само една понуда во претходниот рок, како и непочитувањето на укажаните услови, што доведе до дисквалификација на понудувачот.

Како транспарентни компании, рудниците Боров Дол и Бучим се стремат да овозможат фер и праведен процес, што ќе овозможи правичен избор на најповолниот и најквалитетниот понудувач. Со продолжувањето на рокот, им се дава можност на сите заинтересирани страни да поднесат понуди кои ќе ги исполнат сите критериуми.

Сите заинтересирани понудувачи можат да ги добијат подеталните информации за бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација во прикачената тендерска документација.

Компаниите што сакаат да учествуват на овој тендер, треба да достават официјални понуди на е-адреса tender@borovdol.mk

Крајниот рок за доставување на понудите е 19 август 2024 година.

 

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА

за набавка на услуга за превоз на вработени за потребите на рудникот Бучим и рудникот Боров Дол,
Радовиш
1. Опис на услугата
Автобуски превоз на вработени во ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш од г.
Радовиш до Рудник Бучим и Рудник Боров Дол.
2. Период на обезбедување на услугата
Превозникот се обврзува да обезбеди превоз за период од 4 (четири) месеци, односно од 01.09.2024
година до 31.12.2024 година.
3. Обем на обезбедување на услугата
Превозникот се обврзува да обезбеди 7 (седум) дена во неделата превоз на вработени согласно
распоредот даден во точка 3.1. и 3.2. на овој Повик за доставување на понуда.
3.1. Места и временски интервали на поаѓање и враќање на работници во неработни денови (САБОТА,
НЕДЕЛА И ДРЖАВНИ ИЛИ ВЕРСКИ ПРАЗНИЦИ) – 3 смени
3.1.1. Релација за поаѓање на автобус број 1 дневна смена – Радовиш – Бучим – Радовиш
Време на поаѓање и враќање Локација на поаѓање сменски од Општина Радовиш – Бучим
Прва смена Втора смена Трета смена
05:15часот 13:15часот 21:15часот Прва станица – Основно училиште Никола Карев (горно
школо)
05:17 часот 13:17 часот 21:17 часот Втора станица – Кеј 8-ми Септември ( Гошо Пандето)
05:20 часот 13:20 часот 21:20 часот Трета станица – Куклевица ( Бучимски бараки)
05:22 часот 13:22 часот 21:22 часот Четврта станица – Тера маркет (кружен тек на почетокот на
булеварот)
05:25 часот 13:25 часот 21:25 часот Пета станица – Кит – Го маркет (на самиот булевар)
05:30 часот 13:30 часот 21:30 часот Шеста станица – автобуска постројка кај (поранешен
Монопол за тутун)
05:45 часот 13:45 часот 21:45 часот Пристигнување на работниците во рудникот Бучим/Боров
Дол
06:15 часот 14:15 часот 22:15 часот Враќање на работници од трета, прва и втора смена по
редослед од шестата станица на назад

 

ПОВТОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА

за набавка на услуга за изведба на фасадерски работи за потребите на рудникот Бучим, Радовиш
1. Опис на услугата
1.1. Период и количина на испорака:
Обојување на фасадни ѕидови и замена на олуци за атмосферска вода на објекти во рударскиот комплекс Бучим Радовиш:
1.1.1 Молерофарбарски работи по тон карта JUB:
Р.бр
Назив на материјалот/услугата
Количина, м2
1
Управна зграда финансии (П+1) JUB 1484
625м²
2
Управна зграда (П+1) JUB 1484
855м²
5
Гардероби, Амбуланта , Кујна (П) JUB 1484
620м²
6
Хемиска лабораторија (П) JUB 1484
350м²
7
Главен Магацин (П+1) JUB 1484
1055м²
8
Флотација управа (П+1) JUB 1484
830м²
9
Стара стражара (П) JUB 1484
85м²
10
Возен парк работилница (П) JUB 1484
240м²
11
Електро – Машинска работилница Секундарно дробење (П+1) JUB 1484
230м²
12
Алатница на секундарно дробење (П+1) JUB 1484
185м²
13
Управна зграда – Коп (П) JUB 1484
145м²
14
Одд. за централно греење (П+1) JUB 1484
215м²
15
Фасадни сегменти со фарбан гитер JUB 4220
1620м²
16
Замена на олуци на управна зграда Хоризонтали и вертикали
140м’
1.1.2 Компресорско чистење и обојување на фасаден галванизиран ребраст лим на индустриски објекти на висина H= 22m , во бела и сина нијанса со антикорозивна боја, вертикално по висината на објектот:
Р.бр
Назив на материјалот/услугата
Количина, м2
1
фасада на објект флотација: Отстранување на нечистотија и маснотии од лимот
1800м²
2
фасада на објект флотација : Обојување со Бела боја – Антикорозивна и заштитна боја
900м²
5
фасада на објект флотација : Обојување со Сина боја – Антикорозивна и заштитна боја
900м²
7
фасада на објект секундарно и терцијално дробење : Отстранување на нечистотија и маснотии од лимот
1600м²
8
фасада на објект секундарно и терцијално дробење : Обојување со Бела боја – Антикорозивна и заштитна боја
800м²
Р.бр
Назив на материјалот/услугата
Количина, м2
9
фасада на објект секундарно и терцијално дробење : Обојување со Сина боја – Антикорозивна и заштитна боја
800м²
1.2. Квалитет на материјалот на испорака
За извршување на молерофарбарските работи за објектите од т. 1.1.1 треба да се користат висококвалитетна фасадна акрилна боја, која ќе биде одредена од страна на Нарачателот пред отпочнување на работите.
За извршување на обојување на фасаден галванизиран ребраст лим на индустриски објекти на висина H= 22m од т. 1.1.2 треба да се користи висококвалитетна антикорозивна боја за метал во две нијанси.
2. Постапка за избор
Постапката за избор на најповолен добавувач се спроведува во две етапи:

Квалификација на подобност на добавувач;

Избор на најповолна финансиска понуда
Сите документи се доставуваат само по електронски пат на електронска адреса tender@borovdol.mk . Документација, пратена на друга електронска адреса или доставена во хартиена форма нема да се разгледува и ќе се смета за неуредно доставена документација, што води кон дисквалификација на понудувачот.
2.1. Квалификација на подобност на добавувач
Секое заинтересирано лице кое сака да учествува во изборот на најповолен добавувач треба да ги исполнува следните услови:

Да биде регистрирано во централниот регистар на трговски друштва;

Да немаат забрана за вршење на дејност;

Да не се капитално управувачки и роднински поврзани со некои од раководните органи или со вработени во правните лица ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш;

Опремата која ќе биде користена од страна на Понудувачот треба да биде сертифицирана (скелиња, кранови итд.);

Вработените кај подизведувачот да бидат вработени, да имаат поминато обука за БЗР, да имаат валидни медицински потврди за способност за работа.
Друштвата кои ги исполнуваат горенаведените критериуми поднесуваат финансиска понуда.
2.2. Финансиска понуда
Финансиската понуда содржи:

Цена на услугите со вграден материјал;

Начини на плаќање и рок на изведба.
3. Потребни документи и рокови за доставување
Документи кои се доставуваат во постапка на квалификација на подобност на добавувачот:

Тековна состојба не постара од 3 месеци издадена од страна на ЦРМ на РСМ;

Тековна состојба за вистински сопственици издадена од ЦРМ на РСМ;

Потврда од ЦРМ дека не е изречена забрана за вршење дејност;

Елаборат за БЗР за вршење на молерофарбарски работи и работи на висина;

Список на лица кои ќе бидат ангажирани, со потврда за нивно вработување, поминат медицински преглед и обука за БЗР;

Потврда за сертификација на скелиња;

Потврда за техничка исправност на кранови и др. механизација која би се користела за извршување на услугата.
Рок на доставување на документација: 19/08/2024 год.
Документите кои се доставуваат во постапка на избор на финансиска понуда:

Финансиска понуда на меморандум на понудувачот, потпишана од страна на овластено лице на добавувачот во следниот формат:
1. Молерофарбарски работи по тон карта JUB 1484:
Р.бр
Назив на материјалот/услугата
Цена за 1 м2
1
Управна зграда финансии (П+1) JUB 1484
2
Управна зграда (П+1) JUB 1484
5
Гардероби, Амбуланта , Кујна (П) JUB 1484
6
Хемиска лабораторија (П) JUB 1484
7
Главен Магацин (П+1) JUB 1484
8
Флотација управа (П+1) JUB 1484
9
Стара стражара (П) JUB 1484
10
Возен парк работилница (П) JUB 1484
11
Електро – Машинска работилница Секундарно дробење (П+1) JUB 1484
12
Алатница на секундарно дробење (П+1) JUB 1484
13
Управна зграда – Коп (П) JUB 1484
14
Одд. за централно греење (П+1) JUB 1484
15
Фасадни сегменти со фарбан гитер во Боја JUB 4220
16
Замена на олуци на управна зграда Хоризонтали и вертикали
2. Компресорско чистење и обојување на фасаден галванизиран ребраст лим на индустриски објекти на висина H= 22m , во бела и сина нијанса со антикорозивна боја, вертикално по висината на објектот:
Р.бр
Назив на материјалот/услугата
Цена за 1 м2
1
фасада на објект флотација: Отстранување на нечистотија и маснотии од лимот
2
фасада на објект флотација : Обојување со Бела боја – Антикорозивна и заштитна боја
5
фасада на објект флотација : Обојување со Сина боја – Антикорозивна и заштитна боја
7
фасада на објект секундарно и терцијално дробење : Отстранување на нечистотија и маснотии од лимот
8
фасада на објект секундарно и терцијално дробење : Обојување со Бела боја – Антикорозивна и заштитна боја
9
фасада на објект секундарно и терцијално дробење : Обојување со Сина боја – Антикорозивна и заштитна боја
3. Рок на изведба
4. Начин на плаќање.
Рок на доставување финансиска понуда: 18/08/2024 год.
4. Начин на доставување на документи
Сите документи се доставуваат во електронска форма.
Документите издадени до ЦРМ треба да се електронски потпишани од страна на издавачот.
e-адреса за доставување на понуда и документација: tender@borovdol.mk
Предмет(Subject) на пораката: TEN-006
По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
08.08.2024г.,
Радовиш
ДПТУ “Бучим” ДООЕЛ

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе