KOЧАНИ: Топло добредојде на студената Пониква за младите од Крижевци

15.01.2018

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ги посети учениците од Крижевци, Република Хрватска, кои, во рамките на соработката меѓу двете општини, од 11 до 18 јануари престојуваат на Пониква.

– Ги посетив нашите драги пријатели од Крижевци, осумтемина ученици кои со нивната наставничка престојуваат во одморалиштето на Пониква.Тие го искажаа своето големо задоволство од престојот и условите за сместување, рекоа дека уживаат во снежните, ланински убавини и дека ги користат спортските терени. Ние на овој начин ја продолжуваме традицијата на пријателството и веќе размислуваме да внесеме нови содржини што ќе овозможат уште подобра комуникација – рече градоначалникот Илијев.

Градоначалникот Илијев со младите од Крижевци
Градоначалникот Илијев со младите од Крижевци

Наставничката по физичка и здравствена култура, Ксенија Крањчец Шамец, која ја предводи групата ученици од ОУ „Владимир Назор“ го изрази своето задоволство од престојот на Пониква.

–Многу е убаво, јас знам дека ова е традиција и мислам дека соработката треба да продолжи. Наутро, по појадокот, имаме мал тренинг, одиме на санкање, па имаме мал одмор, попладне повторно дружење, рагби-кошарка, фудбал на снег, потоа повторно тренинг во вежбалница, во седум часот е вечерата и навечер пак дружење, порача Крањчец Шамец.

Трета година по ред, зимувањето на хрватските ученици го обезбедува Општина Кочани, а пријателскиот град Крижевци им овозможува летување на островот Паг на учениците на генерацијата од средните и од основните училишта од Кочани.

Соработката меѓу Кочани и Крижевци датира од 1985 година и е една од најинтензивните соработки помегу два града од две држави.

 

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе