Кочани, 20.06.2023
Задутре (четврток, 22 овој месец) авионите на познатата македонска компанија за авио услуги „Бони Ер“ кои се стационирани кај селото Ерџелија, ќе извршат авионско прскање против комарци.
Ова е прво авионско третирање против здодевните инсекти кое беше закажано за пред некој ден, но поради лошите временски услови е презакажано за в четврток во раните утрински часови.
Стручни екипи на „Бониер“ ќе прска со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на оваа општина.
Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд), третирањето ќе се одложи за наредниот ден, информираат од општината.