Шарлиз Терон е една од најатрактивните жени во Холивуд и еден од најголемите поборници против политиката на филмската индустрија да вработува млади актерки.
-Дојде време жените да сфатат дека тоа како изгледаме однадвор не е најважно и дека не е точно дека стануваме безвредни како што старееме, Сега кога имам 41, работам многу повеќе од кога имав 20 години и уште повеќе уживам во тоа. Сите жени кои ги знам го велат тоа и затоа е време да престанеме со тоа клише.
Сепак, актерката потенцира дека проблемот што го има Холивуд со постарите актерки и потценувањето на нивниот труд, е нешто што во суштина зазема поголеми размери.