Mакедонска свадба, а во Пиперово

Штип, 20.07.2018

Во испустеното село Пиперово во кое живеат само двајца жители но има многу викенд куќи во кои доаѓаат исселените, вечер и утре преку цел ден ќе се одвива настанот наречен „Македонска свадба“.

37600706_10211023880103996_3975881728764936192_nМладоженци ќе бидат Борче и Надица Ристови, кои пред некоја година го напуштиле родниот крај и заминале на работа во Ѓерманија. Борче ни изјави дека нивна голема желба биле во неговото родно Пиперово да направат свадба со сите адети кои се практикувале во некои поранешни времиња.

„Сакавме тоа да биде вистинска Македонска свадба со адети кои ги практикувале нашите постари. Тој сон ни се остварува, а јас и Надица сме подготвени сонот наш да го претвориме во јаве“, изјави Борче.

Младоженци се Борче и Надица Ристови, кои пред некоја година го напуштиле родниот крај и заминале на работа во Ѓерманија

Организатори се Домот на млади, академијата „Еуро арт“ која делува како здружение на граѓани и Општина Штип.

„Традиционални, стари македонски песни, ора од нашата фолклорна традиција, свадбени обичаи кои останале запишани во традицијата на овој крај ќе бидат исполнети од педесеттина наши членови. Гарантираме преубаво доживување, враќање кон корените“, вели м-р Анѓеле Михајловски, вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Горан Трајков, директор на Домот на млади, порачува дека од организациски аспект се е подготвено за Македонската свадба во Пиперово која за првпат се организира годинава.

„Ние и Општина Штип ја даваме сета логистичка поддршка, се надеваме дека вечер и утре Пиперово одново ќе оживее како во времињата кога таму имало многу народ, и дека присутните ќе имаат прилика за едно големо задоволство од свадбата и се што оди со неа“, рече Трајков.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе