Учесниците на, шестиот по ред, Балкански ппоетски камп “Ванчо Николески”, денешниот ден, ќе го искористат за посета и разгледување на наколното живеалиште кај “Заливот на коските”, односно манастирскиот и излетнички комплекс “Свети Наум”.
По враќањето ќе одат во Култура 365, каде е Музејот на А.ден Долард, еден од најплодните холандски писатели, пријател на Македонија и Охрид, човекот кој, за прв пат, пред светот ги открил овдешните природни убавини и историски споменици, пред се, со романот “Свадбата на седумте цијани”, преведена и на македонски јазик.
Вечер, од организаторите, се поканети да го проследат поетскиот портрет на годинешниот добитник на Златниот венец на СВ во црквата “Света Софија”, истакнатиот францускиот поет,Жан Пјер Симеон, што е и последна програмска активност.
За прв пат досега, а, како полод на воспоставената прекугранична соработка со “Организацијата за литературно и културно активирање”, од Корча, Албанија, тие вчера беа во посета на своите другарчиња, исто така, учесници на Кампот, во Мала Преспа, Албанија, регион од 7 села, исклучиво населени со етнички Македонци.
Таму, тие, беа примени од градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, а со свое присуство, внимание, за сите активности, им правеше македонскиот амбасадорот во Албанија, Данчо Марковски.
Централниот прекуграничен настан беше организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, врвен литературен деец во Албанија со етничко македонско потекло.
Во извонредно уредениот “Спомен дом”, подигнат во негова чест, се говореше за ликот и делото на писателот, се читаа песни на македонски јазик, а беше промовирана книгата “Американски сон”, напишана врз реална животна приказна., од авторот Ерис Руси.
Еден ден престојуваа во селото Црвена Вода, каде, пред родната куќа на Ванчо Николески им беа доделени дипломи за учество, ја разгледаа “Спомен собата” на Николески и беа во прилика да го видат веќе распаднатото оригинално самарче од коњчето Дорчо во култниот и екранизиран роман за деца “Волшебното самарче” .
Часовите за креативно пишување, односно поетските работилници, годинавае ги водешеи поетот, професор д-р Христо Петрески.
Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија, додека, финансиски е помогната од Општините Охрид и Дебрца, како и од спонзори и помагатели.
-Оваа автентична манифестација, која е од пошироко општествено значење и која веќе прерасна во традиционална, ги собира учесниците со добра воља и јазичка и поетска креација без предрасуди, со што придонесува во општото разбирање на балканските народи, со што поезијата е апострофиорана како сеприсутна и надвремена . Драгост моја е што манифестацијата го носи името на великанот на севкупната книжевност, посебно македонската, неизбришливиот траг на Ванчо Николески на чии сјани дела израснаа десетини и десетини генерации, напиша, во обраќањето, во името на Светската академија , книжевникот и координатор за поезија за земјите од словенскиот свет, Мајо Даниловиќ.
Името и делото на Ванчо Николески се слави и во Австралија, од каде, во името на Литературното друштво “Ванчо Николески”, со снимена видео порака, се обрати претседателот Наум Трајчески.
Министерството за култура, и покрај тоа што Кампот го користi како референца за свои потреби, објавувајќи информации на својата официјална страница, одби да го финасира, со прозаични образложенија, како: “не е традиционален!”, или, “освои само 49, а требаше и 51 бод!”.