Oхрид е разграбен со парите на балканскиот криминален бос Илија Павлов?!

(На очиглед, под прозорците на резиденците од МВР, Премиерот и Претседателот !!!)

Пред ден – два, како, божем, нешто досега непознато и сензација, медиумите, пренесоа аналитичен текст на Охрид СОС, од каде потсетија дека “Компанијата на Сашо Мијалков продолжува да го гради спорниот хотел во “Горица”, потсетувајќи на историјатот, како тој изникна на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје, преку низа злоупотреби и заобиколувања на прописите од страна на централните и локалните власти од сите политички „бои“ во последните 18 години”!

На социјалните мрежи, Охрид СОС, наметна топ – тема, со коментари: каде бевте досега, што молчевте, сега ли ви текна и слично, со барања надлежните министерства веднаш да ја сопрат истрагата, но, и да го истражат случајот, со цел, многу одговорни да завршат зад решетки, во рамките на акцијата по трагедијата во Кочани, која, некои ја дефинираат како ”Сабја”, алудирајќи на истоимената акција во Србија, на владата на Живковиќ, по атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Не молчеа сите, но, во дадените околности, толку се можеше!

Еве зошто? Мијалков, како кадар на ВМРО ДПМНЕ и прв братучед на Груевски (мајката на Сашо е негова тетка, многу влијателна од времето на Груевски, сестра на Јордан Мијалков, своевидна контроверзна личност, инаку, мој познаник, доаѓаше во Охрид често, другаруваше со Томче Балабнан. Една од легендите на Охрид, тоа е оној, за кој, некогашниот премиер Никола Клусев, во Спфија се исчудуваше: “како тоа Томче се нашол во негова близина за време официјална посета”!? А, Томче, всушност, беше негова претходница. Тој и настрада на граничниот премин “Кулата”, кон Грција, гонет од бугарската полиција.

Томче и Јордан Мијалков, беа испратени заедно во Прага, едниот како претставник на охридска “Трудбеник”, а другиот како претставник на скопска фирма. Претпоставувам, знаете зошто беа испратени и кој беше нивниот бекграунд?

Ова, колку помладите да знаат, зошто син му Сашо, бизнисите и парите ги направи токму во Прага?

Претпоставувам читателите, Сашо Мијалков, го поврзуваат со ВМРО ДПМНЕ, пред се, со Никола Груевски, но Охрид СОС добро забележува, тој е човек од сите и за сите. Од сите зема и на сите дава – каде треба. На СДСМ најмногу му даде кога се разнебитуваше Македонија, кога ни го сменија уставното име, кога не обезличија и од македончија, кога, на купче, ги собра пратениците од ВМРО ДПМНЕ и уште некои, вклучително и оние кои беа зад решетки, по упадот и крвавиот пир во Собранието! СДСМ тоа “геројство” не можеше да му го заборави, некои од апсените беа наградени со вносни бизниси (вевчанецот!), некои заминаа во амбасадори…Најверојатно, дел од оваа приказна е и случајот со “вујче во гепек за Будимпешта (!?), но, за ова Оливер Спасески би требало да знае пoвеќе!?

Нејсе, што, уште, и натаму, не ни е јасно, те се соблазнуваме на соопоштението на Охрид СОС!?

Еднаш напишав: најголемите криминали во Охрид се направени под прозорите на вилите на претседателот на државата (од страната кон Охрид), претседателот на владата, додека ова злосторство е под прозорецот и прв комшија на министерот за внатрешни работи, во владиниот резиденцијален комплекс “Инекс Горица”. Што, уште, не ви е јасно !!!???

А, еве, кога и како беше направен преломниот момент во општата “ала – граба” на Охрид?

Во 2005 година, беа спроведени локални избори. Бучкоски беше премиер, Црвенковски шеф на државата. Во таа преломна година, откако Црвенкоски ја остави партијата како Ј.Б. Тито државата (со колектиовно претседателство!), на сцената, преку Бучковски, стапија типови како Александар Петрески во Охрид, Зоран Заев во Струмица, ЦИЦ во Куманово….

Учествував и јас, до ниво на кандидат за градоначалник на Охрид. Рејтинзите покажуваа апсолутна предност, на една седница на Извршниот одбор на СДСМ, веќе бев назначен како единствен кандидат, но, одеднаш, на втората седница, кога се носеше дефинитивна одлука, ете “сосема случајно!” Игор Иваноски Шема и Наташа Савова “без наење на Бранко!”, се одсутни, играта ја преземаат Владо Бучкоски и Илија Илоски, те се уфрлува и дотогаш непознатиот Александар Петрески.

На изборна конференција на СДСМ довербата ја доби Петрески. Но не учествуваа само делегати од партијата. Во салата беше “случајно!” пуштен дел од подземјето на Охрид. Кога ја образлагав мојата кандидатура, од задните редови, поединци (еден го викаа Џепарот, еден се викаше Славко,и уште некои други), викаа “прекини!” од задниот ред во општинската сала, а некои поминуваа покрај мене и “сосема случајно!” ме газеа по прстите од нозете!!.

Донесени беа намерно, додека делегатите, во строј, на купче, од Домот на АРМ, ги донесе Драган Тодороски од Косел, тогаш директор на Експозитурата на “Комерцијална банка” во Охрид. Играчката што ја направија Бучкоски и Илија Илоски, да ја спроведе, беше испратен во Охрид Кондарко, сегашниот член на ДИК. Подоцна се виде дека Бучковски смислено правел терен за криминали во Охрид, кои допрва ќе се откриваат, а се од милионски размери.

Говорот им го оставив. Само две поенти: “на овој човек ( Ацо Петрески) и досега, путер од главата му течи и во декември на минус десет, а од вечерва градот им го дадовте на тацна на охридското подземје!”. Се вратив од говорница и во првиот ред, седнав до Петрески. Му велам, ти не говориш, вечерва, не ја образлагаш кандидатурата? НЕМА ПОТРЕБА, вели, јас ПРЕТХОДНИ си ја завршив работата!!!!

Подоцна заврши во Шутка, а се што беше вредно им го шутна на мафиозите, меѓу кои беше и самиот, додека занаетот почна да го печи во ЕМО со гумено црево за исисување нафта од резервоарите на камионите!!!!?

Подоцна, даде јавна изјава, дека сум “оставенм сам (после пратеничкиот мандат бев 6 годиуни на Биро за вработување, додека неговата понуда “да ме вдоми во Општината до пензионирање” ја одбив како непристојна!), дека “шетам по кејот – сам како пусто гојдо и дека за мене нема лек”! Јавно му одговорив дека, за него “има лек и ако има Господ, лекот ќе си го најде во Шутка”! И си го најде!

Што, уште, не ни е јасно!?

Охрид СОС, појаснува, дека со цел објектот да го добие Мијалков, во 2007 година се изготвува Урбанистички план вон населено место, со кој дел од парк-шумата “Горица” се пренаменува во градежно неизградено земјиште, со конкретна намена хотелски комплекс. Градоначалник на Општина Охрид е Александар Петрески.

Петрески е двојно зло. Доживеа и два манмдати! За СДСМ е катастрофа, од која, во Охрид, нера да се извлече. Негово дело и успех е создавањето на првиот градежник во Охрид. Тоа е, оној истиот, кој во 1999 година, со калашников, пукаше во нас од СДСМ, на локалните избори, кога кандидат ни беше Никола Рилкоски, подоцна и пратеник. Претходно, дојде од Италија. Тој градежник, растеше во закрилата на Петрески, стана и советник во општината, беше клучен во носењето одлуку и урбанистички решенија, а, кој ќе му се спротивстваеше, добиваше тупаници, тука, во собраниската сала, пред очите на градоначалникот!

На почетокот на 2011 година, Министерство за транспорт и врски, предводено од Миле Јанакиески, објавува јавно наддавање за отуѓување државно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел на Охридското Езеро. Погодувате, победува фирмата на партискиот функционер, која добива катастарска парцела од 15.878 m2. Се работи за „Дивелоп груп“ во сопственост на Сашо Мијалков.

Летото истата година, токму на таа локација е подметнат пожар, во кој горат треви и борови. Според МВР, поради немање соодветна пријава од инспекторатот за пожари, нема водени истраги за предизвикан пожар.А локацијата, како што погоре напишав, е прв сосед на вилата на МВР!!!

Теренот се расчистува, а покрај изгореното, се сечат и здрави стебла. Се добива огромен простор кој потоа е ограден. Така останува безмалку една деценија. Во меѓувреме, поради судски процеси, имотот на Мијалков е замрзнат“.

„Но, наместо да се раскине договорот, за што има реални услови, Општина Охрид во два наврати потпишува анекс и му овозможува на Мијалков да не го изгуби земјиштето. Првиот анекс го потпишува градоначалникот Никола Бакрачески во 2013 година додека вториот го потпишува градоначалникот Константин Георгиески во 2020 година. Оваа игра заеднички ја водат двете најголеми партии.

„На крај, откако еден дел од делата за кои беше гонет застарија (поради одолговлекување и лошо водење на постапката), а со измените во Кривичниот законик беше сменета суштината на кривичното дело за кое се гонеше, Мијалков беше ослободен. Вешто беше изигран правосудниот систем, па се случи на крај државата, односно даночните обврзници, да треба да му ги исплаќаат адвокатските трошоци. Без никакви пречки, на почетокот на минатата година дојде вистинскиот момент да се продолжи онаму каде што се застана во Горица. Хотелот се гради“.

„Овој проект никогаш не бил доставен ни до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, ниту пак урбанистичкиот план бил ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2020-2029) во кој експлицитно стои „спречување на градежното зафаќање на релјефни возвишенија, доминантни места каде со изградбата на објекти ќе се наруши крајбрежниот пејзаж“.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе