Планот за воздушна заштита на Украина предводен од Европа може да ги запре руските ракетни напади

120 борбени авиони би можеле да распоредат европските воздухопловни сили, за да го обезбедат небото од руските напади врз Киев и западна Украина, без да предизвикаат поширок конфликт со Москва, според планот изготвен од воени експерти, пренесува „Гардијан“.

„Скај Шилд“ ќе биде воздушна заштитна зона предводена од Европа, која ќе работи одвоено од НАТО за да ги запре нападите со руски крстосувачки ракети и беспилотни летала врз градовите и инфраструктурата, за да функционира како дел од „примирјето на небото“ предложено од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој ќе ги опфати трите оперативни нуклеарни централи на Украина и градовите Одеса и Лавов, но не и на линијата на фронтот или на истокот на земјата. Меѓу поддржувачите се Филип Бридлав, поранешен генерал на американските воздухопловни сили и врховен командант на НАТО во Европа, и Сер Ричард Ширф, поранешен генерал на британската армија и заменик врховен командант на НАТО на почетокот на минатата деценија, како и поранешниот полски претседател Александар Квашњевски. Друг поддржувач е Габриелиус Ландсбергис, поранешен министер за надворешни работи на Литванија, кој изјави:

„Имплементацијата на Скај Шилд ќе биде важна компонента за засилување на Европа, гарантирајќи ја безбедноста на Украина ефективно и ефикасно“.

Иако варијантите на предлогот се дискутираа без да се постигне напредок откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, новата верзија на планот доби нов поттик оваа недела, по остриот состанок на Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп во петокот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе