Приказна за еден успех: Квенбергер Логистик Македонија, посакуван логистички партнер на голем број компании од разни индустрии

Разговор со Трајан Анегелов, човек кој со својот тим и блиски соработници ја создадоа една од  најголемите логистички компании во Македонија

Штип, 07.05.2025

Квенбергер Логистик Македонија дооел чие седиште е во Штип, за неполни триесет години постоење успеа да се изгради во една од поголемите логистички компании во нашата држава. За успехот на компанијата од нашиот град во семејството на логистичката индустрија, деновиве пишуваа поголем број специјализирани изданија од неколку европски држави. Во сите текстови посветени на Квенбергер Логистик преовладуваат позитивните рецензии за неговиот успешен развој што беше повод за наш разговор со Трајан Ангелов, првиот човек на компанијат со чие име се врзуваат сите нејзини развојни успеси.

           Г-дин Ангелов, неверојатен е фактот со колку пофални зборови специјализираните за логистичката индустрија европски медиуми пишуваат за Квенбергер Логистик Македонија на чие чело цели 25 години сте Вие. Би било убаво за нашата локална заедница да дознаеме нешто повеќе во однос на почетоците бидејќи идната година компанијата ќе прослави 30 години постоење и успешен раст и развој?

-Нашата приказна започна пред 29 години како логистичка компанија за потребите на текстилната индустрија која, во тоа време, беше прилично развиена како во нашиот град така и во целиот Источен регион. Почнавме со осуммина вработени за денес, речиси три децении подоцна, да дојдеме до бројката од 185 вработени. Со тек на времето, преку реализација на новата развојна филозофија, од логистичар во текстилна индустрија прераснавме во компанија која логистички поддржуваше и поддржува поголем број компании и во разнидруги индустрии.

Веќе рековме дека на чело на компанијата Вие лично сте цели 25 години и дека сите кои ја познаваат штипската стопанска структура успехот го врзуваат со Вашето име и Вашиот тим , но која беше вашата примарна цел за Квенбергер Логистик Македонија да успее да дојде до ова ниво на својот развој?

-На чело на компанијата сум полни 25 години. Моја примарна цел беше да создадам силно и страсно мотивирачки високо обучени тимови за одговорната работа која ја имаме како логистичка компанија и тоа во најтесна соработка со седиштето на компанијата, нејзиниот врвен менаџмент и трансфер на знаења од Австрија. Во таа наша  мисија целосно успеавме да ги воодушевеме клиентите со наштите врвни и квалитни услуги за што говорат и нашите постигнатите  резултати.

А тие се?

-Како што погоре реков бројот на вработени го зголемивме од 8 во почетните години на 185 лица денес. Реализацијата е зголемена од шест на 17,5 милиони евра. Магацинскиот простор го лроширивме за десет пати, односно од 3.000 на 30.000 метри квадратни. Успешниот развој го продолживме и во текот на минатата 2024 година со отворањето на новиот логистички центар во Скопје кој зафаќа површина од 13.200 метри квадратни со 14 докови за утовар/растовар и висина на магацините од 12 метри. Дневната дистрибуција ја вршиме со 80 дистрибутивни возила кои се во функција на корисниците на нашите логистички услуги. Сакам тука да потенцирам дека најсилниот развој го доживуваме токму во последните десет години, од 2014 година кога имавме 45 вработени па се до денес со бројка од 185 вработени станувајќи лидер на пазарот на договорната логистика. Се фокусиравме на решенија ориентирани кон клиенти во секторите FMCG, малопродажбата, телекомуникациите, е-трговијата, модата, белата техника, индустријата за пијалаци и автомобилски сектори со што компанијата се етаблира како сигурен логистички партнер.

Вработените-најголем капитал: Поголем дел од вработените се долги години во компанијата а има вработени кои се и со повеќе од 20 години континуиран стаж во Квенбергер Логистик Македонија. Како корпоративно општествено одговорна компанија ние сметаме дека вработените се еден од најважните  столбови и најголем капитал на компанијата…

За кого е наменет новиот, инспиративен магацин?

-Се работи за најсовремен магацин специјално развиен за проектот  „Еден клиент под еден покрив„ за еден од нашите актуелни клиенти Нептун Скопје кој е водечки трговец на мало за бела техника во нашата држава кој располага со 26 продавници. Со овој клиент Нашата  соработка и партнерство  започна во 2020 година со складирање на 1.780 различни парчиња. Денес Квенбергер Логистик Македонија управува со 4.270 различни производи почнувајќи од фрижидери, машини за миење садови, печки, правосмукалки, клима уреди и други производи со вкупно складиран волумен од 14.000 метри кубни.

           Кој е рецептот за вашиот успех?

-Квалитет, флексибилност, иновативност  и високо мотивиран  тим.

Како вие би ги дефинирале силните страни на  менаџерскиот тим и вработените во Квенбергер Логистик Македонија?

-Една од повеќето силни страни е и способноста на искусниот и високо мотивиран  тим на Квенбергер Логистик Македонија кој со своето сеопфатно логистичко знаење , експертиза и желба  да развие приспособени и персонализирани логистички решенија за клиенти  во повеќе индустрии.

Нашите логистичкии концепти  нудат модерни дигитални и оптимални логистички концепти кои ги исполнуваат а во повеќето случаи и ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.

Следејќи ја работата на вашата компанија низ сите овие години на вашето постоење, цениме дека Квенбергер Македонија има влијание и на економскиот раст на нашиот Источен плански регион. Точно или…

-Во право сте кога изнесувате ваква оценка. Сакам да истакнам дека ние, во нашата работа, ангажираме поголем број транспортни компании од целата држава но за потребите на Логистиќкиот центар во Штип ангажираме претежно  компании од Источниот регион како во меѓународниот така и во националниот односно локалниот превоз.

Истотака  сакам да истакнам дека и  при изградбата на логистички складишта од „А“ класа за Нашите потреби, од страна на Инвеститорот Новтренд дооел Штип беа ангажирани и неколку локални компании како што е и примерот со ангажирање и на градежната  штипската компанија „Актива“ ДОО,  која како специјализирана  компанија  ги  градеше  логистичките  капацитети од 30.000 м/2 во индустриската зона Ќојлија во Петровец, во близина на Маѓународниот аеродром Скопје а кои што капацитети  Ние како Квенбергер Логистик Македонија дооел ги оперираме како провајдер на логистички услуги за клиенти  во повеќе индустрии.

На што го ставате вашиот фокус во однос на идниот развој и работа на Квенбергер Логистик Македонија?

-Нашата Компанија се фокусира на понатамошно зајакнување на својата пазарна позиција во нашата држава и регионот  преку проширување на иновативните логистички решенија за постојните и новите клиенти преку инвестирање во дигитализација и автоматизацијана логистичките процеси во развивањето на идните  логистички центри и паркови.

Зошто е важно една логистичка компанија да ги има своите магацински капацитети надвор од урбаните средини?

Нашето седиште  е во Штип, а ние сме позиционирани во Индустриската зона,  кај Царинскиот Терминал во Штип додека со нашата подружница во Скопје  ние се позициониравме близу Меѓународниот аеродром во Скопје во индустриската зона Кјојлија во  Петровец каде што се вкрстосуваат коридор 8 и 10 (клучка Миладиновци) во непосредна близина на автопатот каде што допринесовме товарниот сообракај да не влегува во градовите и другите населби со што допринесуваме за намалување на загаденоста на воздухот во урбаните средини и поголема проточност на сообракјаот.

Кои капацитети ги имате во Штип?

Во Штип од каде и што почнавме се уште го оперираме Логистичкиот центар од 3.000 м/2  кој е специјализиран за модната и ритеил индустријата и преку овој центар логистички  подржуваме и неколку наши клиенти од автомобилската индустрија.

Мнолгу компании имаат проблем со стручен кадар, ако го имате проблемот кој стручен кадар ви недостига и како да се најде таков кадар?

Да, како кај сите компании така и кај Нас постои потребата за висококвалификуван стручен кадар. Универзитетите и другите образовни институции во државата веќе едуцираат соодветни кадри кои со неколку месечна дополнителна обука во Нашата компанија истите се надградуваат и оспособуваат за развивање и водење на модерните логистички процеси.

Како успевате да ги задржете  вработените подолго време во Квенбергер Логистик Македонија бидејки во последните неколку години еден дел од вработените добија јубилејна награда за 20 години работење во компанијата?

Поголем дел од вработените се долги години во компанијата а има некои колеги кои се и со повеќе од 20 години континуиран стаж во Квенбергер Логистик Македонија. Ние како корпоративно општествено одговорна компанија сметаме дека вработените се еден од најважните  столбови и најголем капитал на компанијата и во нив вложуваме како во обуки, едукации, услови за работа така и во лични примања, бонуси и додатоци кои се над просечните примања во државата.

Нашата филозофија е дека само со високо мотивирани и вреднувани вработени можеме да ги постигнеме поставените компаниски цели и резултати и да ги задржеме младите кадри во Македонија.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press