Рано е за ликување, што носи денот не носи годината!?

Oхрид, 30.01.2017

 

Колумна на Веле Митаноски
Колумна на Веле Митаноски

(Или:”Само 5 (пет) прашања за Бујар Османи, односно Интегративците!)

Како тоа, “нема доволно аргументи за да се одлучите за една од петте опции кои беа предмет на дебата во партијата и затоа ви е потребно уште време за да ја донесете одлуката”!? Која е шестата опција!?

Како тоа “и наредните денови ќе ја продолжите дебатата за да ја донесете најдобрата одлука за граѓаните, бидејќи засега нема доволен број аргументи за една од опциите што се разгледуваат во партијата”!? Па, нели, вие работите во интерес на народот, а народот,  пред се, Албанците, на 11 декември, веќе, ја донесоа одлуката во каква Македонија сакаат да живеат!?

Како тоа, “во целиот период на разговорите ја имавте предвид стабилноста на државата, интересите на граѓаните и потребата за излегување од криза и заради тежината на одлуката и деликатноста, ви требаат аргументи за да се определите за една од опциите”!?Дали, “никаквата одлука” значи излегување од кризата, или, нејзино продлабочување!?

Како тоа “нема доволно аргументи за да се одлучите за една од петте опции, мегу нив и коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ, а  се уште е на маса коалицирањето со оваа партија”!? Значи ли тоа, дека, сепак, сте се нашле на заедничкиот именител – нови избори!? Или сте се договориле” Вие да “го казните Заев што ви ги украде гласовите”, а Никола “да се врати на бел коњ и голема врата”!?

Како тоа “сè уште е во опција коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски мора да го врати мандатот за состав на нова влада”!? Како при толку магла, новинарите “сами ќе ја интерпетираат” вашата изјава на господине, “интегративец” – Османи!?

И после се, рано е за ликување, во смисла дека “прескапата невеста” (Али Ахмети!), и покрај “сиот чеиз” што и го нудеше Никола Груевски, го отфри бракот од интерес, односно го пушти Никола низ вода!? Или за непоправливите оптимисти: на Катица “и го послужи на тацна”!?

Што носи денот, не носи годината!?

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе