Студентите од Белградскиот Факултет за драмски уметности испратија порака до актуелната влада – „Не сте погласни од тишината“

Студентски блокади сè уште се активни и се шират низ Србија по трагичниот настан со уривањето на настрешницата во Нови Сад. Во блокадата први влегоа студентите од Белградскиот Факултет за драмски уметности, и после нив започна целата лавина на масивни студентски протести низ земјата, пренесува српскиот медиум Нова.

Студентите од Белградскиот ФДУ објавија видео за кое граѓаните велат дека треба да е новата најавна шпица на сите вести и емисии коишто се емитуваат секојдневно на телевизијата РТС.

Од една страна, има огромен број млади луѓе кои сакаат подобро утре во својата земја и стоички се борат за тоа, а од друга страна, владини претставници кои од ден на ден ги таргетираат и се обидуваат да го згаснат нивниот бунт и нивните протести на сите можни начини.

Во видеото се даваат исечоци о изјави од сите владини функционери, и нивните изјави се дел од тие дека државата нема да падне ни да има повеќе од 1500 жртви, дека децата се сопственост на државата, дека студентите прават се за падот на политиката, дека примаат хрватски пропаганди… И на крај се завршува со слика од протестот каде што излегоа повеќе од 100.000 луѓе и – молк… Се слуша само чукањето на срцето…

Молкот го покрива сето претходно кажано и едноставно е погласно од каков било напад на власта бидејќи е јасно дека нема враќање назад и дека младите во Србија водат кон радикални промени кои ќе ги променат сите на подобро.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе