Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.

Предвидено е да се протестира во периодот од 11 до 11 и 30 часот, по половина час, а локацијата ќе се менува секој ден. Според најавите од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), во петок протестот ќе се одржи пред Министерството за финансии. Оттаму се на став дека вработените во министерствата се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои добија 30 отсто.

Од минатата недела и вработените во Државното правобранителство се во штрајк, а причината е иста – колективен договор и 30 отсто додаток на плата. Раководството на УПОЗ имало неколку контакти со државниот правобранител, но засега нема решение.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе