Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше во неофицијална посета во Флорида и склучи средба со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, пренесува Политико.
Мелони летала за Палм Бич, каде што поминала неколку часа со Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари. Трамп ја нарече Мелони „фантастична жена“ и ја закити со титулата „Жената која ја освои Европа“.
Партијата на Мелони, сподели слика на социјалната мрежа „Икс“ (X), додавајќи „Повторно сме клучни играчи“.
Siamo tornati protagonisti e determinanti. pic.twitter.com/mJSF1ipNJe
— Fratelli d’Italia 🇮🇹 (@FratellidItalia) January 5, 2025
Посетата во Флорида се случи пред планираните разговори на Мелони со претседателот Џо Бајден оваа недела во Рим, последната меѓународна посета на Бајден како претседател.
Набљудувачите очекуваа Мелони и Трамп да разговараат за Украина, и потенцијалните тарифи кои што Америка би ги направила за европските компании и Блискиот Исток. Мелони, пред сè, била фокусирана на брзо решение за притворот на италијанскиот новинар во Иран.
Новинарката, Чечилија Сала, беше уапсена во Техеран откако италијанската полиција го задржа Иранецот што беше баран од американските војници, Мохамад Абедини-Нџафабад. Ако САД го отфрлат барањето за екстрадиција или направат други отстапки кон Иран, тоа ќе ја олесни ослободувањето на Сала, што би било голема победа за Мелони на домашен терен.
Според медиумските извештаи, Трамп и Мелони се сретнале 90 минути пред да погледнат проекција на документарен филм што доведува во прашање кривичните истраги со кои се соочува Џон Истман, поранешен адвокат на Трамп.
Трамп за пристутните во неговото одморалиште Мар-а-Лаго изјавил: „Ова е многу возбудливо. Јас сум тука со фантастична жена, премиерката на Италија“, според извештаите. „Таа навистина ја освои Европа“, наводно рекол Трамп.