ВО СПОМЕН НА 11 МАРТ 1943 ГОДИНА КОГА БИЛА ИЗВРШЕНА ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ШТИПСКИТЕ ЕВРЕИ

Штип, 11,03,2018

На 11 март 1943 г. вo 4 часот наутро, Штип бил блокиран од војска и полиција по што започнало депортирањето на Евреите од нивните домови. Насилно се влегувало во куќите претходно одбележани како „Еврејско жилиште“, ги прозивале по список со име и презиме, сите членови од едно семејство, и ги упатувале кон камионите за

транспорт. Во Присуство на комисија во состав: Игнат Атанасов Моцев, околиски полициски началник и делегат на штипската еврејска општина во својство на претседател и членови високи општински службеници, на сите Евреи, пред да влезат во камионот им биле одземени сите вредни предмети: накитот, златните монети, часовниците, парите….. Тоа кобно утро во конвојот камиони што се упатил кон железничката станица заминале сите штипски Евреи, 591 на број.

Веднаш потоа, Еврејското маало станало мета на грабеж. Се влегувало во мртвите домови и практично се носело се што можело да се носи.Според сеќавањата на голем број од оние што биле очевидци на овој трагичен настан, виновниците не биле само меѓу Бугарите, во грабежот на имотот учествувале и еден дел од граѓаните на Штип. Тие, разбивајќи ги влезните врати влегувале во празните домови и земале кој што ќе стигне.02

Работна акција за расчистување на остатоците одурнатите куќи, во која првенствено биле ангажирани учениците и младината
Работна акција за расчистување на остатоците одурнатите куќи, во која првенствено биле ангажирани учениците и младината

04 05

Местото на Еврејското маало денес
Местото на Еврејското маало денес

Пишува: Елена Јосимовска

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе