ДЕЛЧЕВО: Утре ќе се засадат околу 200 садници

Делчево, 22.11.2019

Сѐ е поготвено за акцијата за пошумување во урбаниот дел од градот која ја организира Општина Делчево, а ќе се одржи утре на 23.11.2019, сабота . За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите граѓани, институции и здруженија да земат масовно учество во акцијата со цел да се збогати  зеленилото и бројот на садниците во градот со што се дава придонес за разубавување на градот , но и за чист амбиентален воздух во Делчево.

Садниците ќе се засадуваат во делот од мостот на р.Габровчица – паркот кај езерцата до градскиот стадион при што се планира да се засадат околу 100 садници од јавор и јасен, како и чемпреси и липи во парковите во центарот на градот, додека останатите ќе се засадуваат по школските дворови и по должината на булеварот.

Акцијата се спроведува паралено со кампањата против загадување на воздухот, а освен граѓаните во акцијата со свои активности за подготовка на теренот ќе се вклучат и ЈКП „Брегалница“ и ЈП „Национални шуми“- ПШС „Голак“ Делчево

Заинтересираните за учество во акцијата со себе да понесат алат за пошумување (ашов). Место на поаѓање  пред Спомен- домот АСНОМ во 09.00часот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе