КОЧАНИ: ДАФ годинава со преку 210 учесници

Кочани, 25.05.2018

Во понеделник во 19 часот, во Домот на култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе биде отворено 55 издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.  Фестивалот ќе трае до 2 јуни,  на театарскиот подиум ќе се појават над 210 актери, режисери, сценаристи од 15 драмски аматерски групи од Македонија, а ќе настапат и театри од Сежана, Словенија и од Прокупље, Србија.

kocaniФестивалот ќе го отвори театарот при културното и спортско друштво „Шатор Шторје“ од Сежана со претставата „Бегај ѓаволе, женами доаѓа“ чие сценарио е работено според народни преданија во тој крај.

Претставата трае околу еден час по што, за во 20:00 часот е закажано свеченото отворање. По отворањето кое се очекува да го изврши градоначалникот Николчо Илијев, фестивалот ќе продолжи со претставата „Многу врева за ништо“ во изведба на СОУ гимназија „Кочо Рацин“ од Велес. По ова претстава следува театарско уживање со „Пеликан“ во изведба на Драмско студио при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Годинава на ДАФ ќе има вкупно 17 претстави а во рамките на фестивалот се предвидени и неколку придружни манифестации.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе