МИТНИГ НА СДСМ ВО ШТИП: Повици за сплотување и најава за нова ера за Штип

Штип, 24.10.2017

И вечерва штипскиот плоштад „Слобода“ беше исполнет до последно место. Не се обистинија стравувањата на дел од граѓаните дека на завршниот митинг на СДСМ и коалицијата пред неделниот избор за градоначалник ќе нема многу народ. Стравувањата доаѓаа од фактот дека оваа политичка групација имаше неверојатен митинг на истото место и во исто време пред само десет дена. На таквото размислување влијаеше и фактот дека времето беше врнежливо.

22728740_1437253032997212_4688787071051632684_nНо, многуилјадниот народ остана на сцената на која и оваа вечер се испишуваше новата страница на Штип и Македонија. Посебно на срце на присутните им легнаа говорите на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и на кандидатот за градоначалник Благој Бочварски.

22729006_1437253706330478_3768884788472537716_n„Од ова место сакама да испратам порака дека повеќе нема да има поделби на вмровци и на сдсмовци. Сеќој граѓанин ни е потребен за да ја изградиме нашата Македонија како модерна и просперитетна европска држава. Нека не се надева никој дека само затоа што е од СДСМ и коалицијата па нема да мора да работи, а ќе прима плата. Нека не се плаши никој од ВМРО ДПМНЕ дека ќе биде испаден од работа само затоа што СДСМ е на власт. Доста ни беа поделби, повеќе од било кога денес ни е потребно единство“, рече Заев. Тој потенцира дека Владата предводена од СДСМ силно ќе продолжи да го подржува Универзитетот „Гоце Делчев“ и дека нема на никој начин да се меша во неговата автономија. Премерот уште рече дека УГД е нашиот образовен и научен центар кој работи за доброто на државата, и дека Владата ќе вложува во зголемување на студентскиот стандар,

dd923bd3169494639808d6a873a4c6ba_w615_h344Премиерот беше дециден дека бегање од правдата нема да има за никој кој себе си се ставил над законот само затоа што имал висока функција. –„Ќе си дојде правдата и по Никола Груевски и по криминалецот Илчо Захариев. Тие и таквите како нив ќе си одговараат пред правдата од која бегање нема“, порача Заев.

22687661_1437253872997128_7305211426172677861_nТој најави дека веќе до септември месец 2018 година ќе биде завршен автопатот Миладиновци-Штип, дека ќе се заврши магистралата Штип-Кочани во должина од 28 километри, дека Штип со модерен пат ќе биде поврзан и со Радовиш а преку него и со Струмица.  –„На тој начин Штип ќе стане вистинска метропола на источниот регион, зашто тоа нему му личи“, забалежа премиерот. Заев вети дека во недела, на 29 овој месец, по вториот изборен круг, во 21 часот, ќе биде на штипскиот плоштад за со народот да го прослави изборот на Бочварски за нов градоначалник, по што, како што напомна, доаѓа нова ера за Штип..

155eea93541fe0f7f14d6f25a7ef8960_w615_h344Благој Бочварски, пречекан со овации и скандирања од илјадници грла, им порача на штипјани дека неговата програма во целост ќе биде исполнета:

22728825_1437253746330474_7274923370042701611_n„Ке го гасифицираме Штип, ќе ја намалиме цената на водата за 10 проценти а за толку и цената на комуналните услуги. За се ќе одлучува Советот на општината,а проектите ќе ги правиме согласно потребите на урбаните заедници, а по претходен договор со граѓаните. Ќе изградиме аква парк, Спортско рекреативен центар, ќе ги подржуваме компаниите кои ќе сакаат да градат и да го прошируваат бизнисот, урбанизацијата на градот ќе биде согласно потребите, нема да ги лажеме луѓето со 2 сантиметри асфалт туку улиците ќе бидат реконструирани согласно највисоките стандарди.  Во населбата Сењак ќе отвориме канцеларија на Општината каде луѓето ќе добиваат услуги на лице место“, рече Бочварски.

d3ff42349cde14c0daa8917baee9a373_w616_h362_cpТој го обвини сегашниот градоначалник Илчо Захариев дека ги заплашувал вработените во општината и во двете јавни претпријатија дека ако за градоначалник ќе дојдел Бочварски сите ќе добиеле отказ.

„Од ова место одговорно тврдам дека нема отказ за никого кој е веќе вработен. Тоа е уште еден мизерен обид на градоначалникот во заминување да ќари некој глас преку внесување страв кај луѓето. Не сум јас Илчо Захариев, не е СДСМ исто што и ВМРО ДПМНЕ, секој кој квалитетно и одговорно си ја извршува работата може да биде спокоен за работното место. Ние градиме нова успешна приказна од Штип, градиме град во кој спокојно и слободно ќе се чувствуваат сите, стегите на груевизмот и илчовизмот се веќе минато, Штип ќе блесне во сиот свој сјај на регионален центар“, им порача Бочварски на штипјани.

https://youtu.be/wgoJVkGodoc

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе