Хорови од Ќустендил и Штип ги разнежија штипјани

Штип, 07.07.2019

Со дваесеттина хорски изведби хоровите „Братство“  од Ќустендил,Бугарија и Градскиот хор Штип, синоќа, во настап на летната сцена во Домот на млади, ги разнежија срцата на штипјани.

Летната сцена беше преполна со љубители на хорското пеење кои ја искористија пријатната летна ноќ да  присуствуваат на еден убав културен/музички настан во рамките на Штипското културно лето.

Градски хор Штип
Градски хор Штип

Публиката на дел од песните им се придружи на хористите. Посебно интересен беше моментот кога хорот од Ќустендил ја запеа познатата и славна „Минаа години без да те заборавам јас“ (Минаха години), а голем дел од публиката речиси без грешка пееше со триесеттината хористки на хорот „Братство“. Доказ дека песната ги зближува народите.

На крајот од 75 минутниот концерт, организаторот „Градски хор Штип“ на гостите од Бугарија им подари специјална плаќета.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе