Штипската ЛДП со ново раководство

Штип, 22.12.2017

Општинскиот одбор на ЛДП во Штип избра ново раководство. За претседател на Општинската организација е избран Горан Варадинов, за потпретседатели Миро Кацаров и Дејан Кировски, а за секретар Драган Ташковски.

-ЛДП формира политичко јадро во Штип кое ќе даде сериозен придонес во остварувањето на програмските цели на Партијата кои секогаш се во полза на граѓаните и нивните права и потреби за подобар живот, се вели во соопштението од Партијата.

Од ЛДП укажуваат дека Штип како град на солидарноста одсекогаш бил бастион на сите цивилизациски придобивки кои се од полза за граѓаните, а ЛДП се атрибуира низ таквото својоство.

На седницата е донесена одлука за превземање иницијатива за формирање ЛИДЕМ и Форум на жени на ЛДП.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе