БИТОЛА: 25 години на Здружението за македонско-руско пријателство

Битола, 23.12.2017

Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола денес на свечен начин беше одбележан, големиот јубилеј – 25 години од основањето на Здружението за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ од Битола.

Гаштаров и Ѓорчев
Гаштаров и Ѓорчев

Настанот беше проследен и од претставници на Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, како и претставници од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија во Битола

MSU_8659На големиот број на членови и пријатели на ова Здружение им се обрати Петар Гаштаров, претседател на Регионалното здружение „А.А.Ростковски“, а за јубилејот на здружението „А. А. Ростковски“ од Битола, зборуваше претседателот, Драган Романски.

На присутните им се обрати и д-р Јордан Ѓорчев, како претседател на Сојузот на здруженија за македонско-руско пријателство во Р. Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе