ШТИП: ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања, Бочварски жестоко им возврати

Штип, 25.07.2018

Денес одново препукување на релација ВМРО ДПМНЕ – локална власт во Штип која е во рацете на социјалдемократите и нивните коалициони парнтери. Вмровци обвинија за тоа што, според нив, престана да се гради новата заобиколница која неколку штипски населби ќе ги поврзе со индустриската зона преку нов пат и нов мост на реката Брегалница. На обвинувањата на вемерето стигна експерсен, жесток одговор од градоначалникот Бчагој Бочварски.

„Најдобар пример за работењето на изминатата локална власт беше непрофесионалноста, нестручноста и непочитување на законите.

За вашето ,, чесно’’ работење говорат купишта кривични пријави, предмети во обвинителството за претходниот градоначалник, пресуди како и илјадници евра кои денеска Општина Штип ги плаќа за загубени судски спорови токму поради несовесното работење на претходната локална власт. Мостот во моментов се работи и наскоро ќе биде поставен по што обиколницата ќе биде ставена во функција“, рече градоначалникот Благој Бочварски,

Тој информира дека во моментов се работело на дислокација на барака која се наоѓа на самата траса, а која претходното вмровско раководство ја „заборавило“.

„За втората фаза која што вие ја немавте ни испроектирано, а да не збориме и реализирано, изработивме проект, а се работи и на тендерската постапка за распишување на јавна набавка. Дополнително обезбедивме околу 40 милиони денари за финансиска конструкција за завршување на фаза еден и целосна изградба на фаза два“, рече Бочварски.

Тој порача дека завршило времето на криминал, корупција, беззаконие.

Дека за работењето на ДПМНЕ и претходната локална власт говорат кривичните пријави кои ги има претходниот градоначалник кој беше од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа локална власт предводена од СДСМ за само осум месеци ви држи лекција како треба да се води Општина Штип, со многу инвестиции,обезбедување на средства за изградба на капитален проекти, детска градинка , изградба на инфраструктура и решавање на проблемите на граѓаните одговорно , транспарентно и домаќински“, порача Бочварски.

П.с. Ако ви се чини, драги читатели, дека е несразмерен текстот помеѓу ставот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Штип и одговорот на градоначалникот, ќе кажеме дека сте во право. Но вемерето никогаш istokpress.mk не го удостоило со покана за прес конференција, или барем со текст испратен за тоа за кое се говорело на пресот. А да крадеме од други медиуми ни ни крај од умот не ни е….

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе