ШТИП: Студентите од Правниоt факултет при УГД први во државата во симулирано судење

Штип, 05.12.2019

Голем успех со кој се потврдува квалитетот на студии кој го имаат студентите на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип остварија студентите по право. Студентскиот тим го осви првото место на националниот натпревар во симулирани судења кое се одржа на Правниот факултет во градот под Исарот.

На натпреварот учествуваа повеќе тимови на правните факултети од Скопје, Тетово и Битола.

gr02
Ангела Димеска
gr03
Фатиме Фетаи

 

 

 

 

 

Во поединечните категории студентката Ангела Димеска од истиот факултет го освои првото место како најдобар бранител (адвокат) .

-Со овој успех се потврдува високото ниво на квалитет кој Правниот факултет во Штип го нуди, што го потврдува и фактот дека неколку години во континуитет нашите студенти го освојуваат ова престижно признание, ни изјави д-р Страшко Стојановски, професор на Правен при УГД.

Натпреварот е поддржан од Амбасадата на САД, а во тимот на оценувачи оваа година беше и обвинителката Фатиме Фетаи.

-Сите успеси се заслуга на неуморната работа на студентите, предводени од нивните професори од катедрата за Казнено право: проф. Д-р Олга Кошевалиска, проф. Д-р Лазар Нанев, доц. Д-р Елена Максимова и асистент м-р Наташа Донева, вели професор Стојановски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе