Ангиографот во штипската Клиничка болница проработи, прв спасен 37 годишен пациент

Штип, 15.05.2018

Во текот на вчерашниот ден на ангиографското одделение при Клиничката болница во Штип бил донесен пациент на 37 годишна возраст. Според д-р Сашко Николов, пациентот бил примен со развиен акутен инфаркт на срцето.

„Тој имаше многу среќа што во нашата болница и на нашето одделение дојде токму во денот кога ангиографот одново беше ставен во работа. По успешното стентирање пациентот е пренесен на инфективо одделение каде се опоравува“, рече д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог.

33989Ангиографот кој е од исклучително дијагностичко значење, во Клиничката болница во Штип одново е ставен во функција и на него отсега па натаму ќе можат да сметаат 250.000 потенцијални пациенти од Штип и регионот. Претходно тој цели 13 месеци си стоеше расипан без можност да си ја обавува фунцијата. Одново е ставен во функција благодарејќи на големото залагање и упорноста на менаџерскиот тим на болницата.

„Во поправка на ангиографот вложивме 50.000 евра. Сега пациентите од Штип и од регионот ќе можат да сметаат на подобри здравствени услуги во нашата болница. Апаратот не беше во функција од арил месец минатата година, јас за директор дојдов во изборно време кога не можеше да се распишуваат тендери, а откако таквата можност се отвори ние пристапивме кон негово решавање и резултатот е тука.“, информира д-р Ален Георгијев, директор на Клиничка болница Штип.

Според д-р Николов, тие сега располагаат со огромен материјал, а пациентите треба да бидат спокојни зашто повеќе нема да се носат во Скопје.

„Во моментов на нашата листа на чекање имаме 50 пациенти. Времето е исклучителен фактор за срцево болните, времето е всушност мускул, колку повеќе пациентот чека толку повеќе мускулот страда, со поправката на ангиографот и обезбедените материјали за него ние ќе им помогнеме на сите граѓани кои имаат потреба од наша стручна квалитетна здравствена интервенција“, појасни д-р Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе