Штип со прекрасен пречек на Европскиот првак Емил Павлов

Штип, 14.05.2018

Eмил Павлов, штипјанец кој стана европски првак во карате во категоријата до 61 килограм, синоќа беше пречекан од стотици свои сограѓани. Големата сала во зградата на општината беше претесна да ги собере сите кои сакаа да му искажат почит на момчето кое по вторпат (првпат во 2014 година) освојува европско злато. На ЕП во Нови Сад Емил Павлов имаше пет борби и во сите победи.

Емил Павлов со Кирил Манев новинарот кој од почетокот ја следи неговата кариера
Емил Павлов со Кирил Манев новинарот кој од почетокот ја следи неговата кариера

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски на европскиот шампион му подари ваучер со вредност од 50.000 денари и рачен часовник. За значењето за Штип и за Македонија на овој грандиознен успех на Павлов зборуваа градоначалникот Бочварски и Претседателот на Советот на општината Јане Миланов.Симпатично беше да се видат младите каратисти од КК „Штип“ со државните знамиња во раце како го пречекуваат својот клупски колега. Целата убава спортска вечер во чест на Емил Павлов, првакот на стариот континент ја водеше спортскиот новинар Кирил Манев кој од почетокот ја следи кариеарата на Павлов.

Браќата Арсовеки, Павлов, Бочварски и Миланов
Браќата Арсовски, Павлов, Бочварски и Миланов

Меѓу присутните беа и тренерот на Павлов Сашко Арсовски во друштво со неговиот брат Жарко, Елмир Мандак, претседател на Комисијата за спорт при Советот на општина Штип, спортски директор на ФК „Брегалница“, советници, општествено политички работни, стопанственици а најмногу млади спортисти.

Емил Павлов има шанси за учество на летните Олимписките игри во Токио. Тој на сите присутни им се заблагодари на како што рече „честа која Штип му ја укажал“ и вети дека и во иднина градот може да смета на негови врвни спортски резултати.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе