Бучим со донација од 50.000 евра за поддршка на здравствениот систем на РСМ

Радовиш, 08.04.2020

Бучим ДОО Радовиш, како општествено одговорна компанија, со цел да помогне во справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија, донесе одлука за донирање на финансиска помош како поддршка на здравствениот систем на РСМ во вредност од 50 илјади евра во денарска противвредност.

Паричните средства во износ од 40 илјади евра ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство, а финансиска помош во висина од 10 илјади евра ќе биде донирана на сметките на локалните здравствени домови (во општините Радовиш, Штип и Струмица).

Рудникот 40.000 евра ќе префрли на посебната донаторска сметка на Министерството за здравство, а 10.000 евра ќе бидат префрлени на сметките на здравствени институции во Радовиш, Штип и Струмица. Со ова Бучим уште еднаш се потврдува како една од општествено најодговорните компании во држават.

Во изминатиот период, рудникот  донираше и медицински заштитни маски за заштита на здравјето на вработените во Полициската станица, Здравствениот дом и Противпожарната служба во општина Радовиш, на вработените во ЈП Плаваја – Радовиш, на Oпштинската организација Црвен крст – Радовиш и на ПЗУ Адора Медик Радовиш. Вкупно 450 медицински заштитни маски за лице, беа донирани за потребите на локалните институции во општина Радовиш, кои во борбата за зачувување на јавното здравје се најизложени на ризикот од коронавирусот.

“Во овој исклучително тежок период за сите нас и предизвикот со кој се соочуваме, неопходно е за помогнеме онаму каде што е потребно со придонес кој е од исклучително значење за справување и брзото надминување на кризата. Во рудникот Бучим се пименуваат сите превентивни мерки доставени од надлежните органи, бидејќи како и досега,  безбедноста и здравјето на нашите вработени е наш приоритет и суштина на сето она што го правиме.” – истакна Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим.

Кристина Крстева

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе