ВИНИЦА: На Ин Виница Веритас промовирана книгата афоризми „Трагачи по парадокси“

Виница, 24.10.2018

Синоќа во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница беше промовирана книгата афоризми „Трагачи по парадокси“. Се работи за книга со 2000 афоризми од 20 најпознати балкански сатиричари.

“Трагачи по парадокси“ е четврта книга од едицијата Балканска сатира во издание на Фестивалот Ин Виница Веритас. Во книгата се застапени врвни афористичарски имиња од БИХ, Бугарија, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора. Се работи за автори кои сите заедно имаат издадено повеќе од двеста книги и се носители на врвни светски награди од областа на хуморот и сатирата .

DSC_1375Дел од нив синоќа со виничани споделија афоризми од своето богато творештво, а како гости на првата интернационална вечер за хумор и сатира беа Вито Долински, Љупчо Силјановски и Миле Ѓорѓијоски како автор на книгата со придружба на афористичарите Јане Атанасов и Ленче Стојменова.

Всушност, се работи за почеток на Балканската промоција на ова вредно афористичарско дело. . Следат промоции во Белград, па во Темишвар во Романија , а ќе има промоции и во Варна-Бугарија, во Црна  Гора…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе