Ин Виница Веритас со признание за основачите на фестивалот

Виница, 23.10.2018

Синоќа во Виница, во Домот на култура „Тошо Арсов“, започна јубилејното 25 издание на фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница Веритас“. Фестивалот свечено го отвори градоначалникот Ивица Димитров

„Општина Виница во континуитет продолжува со презентација на културни содржини. Фестивалот за хумор и сатира е само продолжение на таквата наша културна политика и традиција. „Ин Виница Веритас“ е единствен фестивал од таков вид во нашата држава кој е на интернационалната мапа на фестивали од ваков карактер. Тој е тука да не насмее, да не релаксира, а тоа така ќе биде и годинава“, рече градоначалникот Димитров.

Потоа, Димитров им врачи посебни признанија на иницијаторите за вој фестивал. Тоа се Мирхад Јусрефовски, Миле Бојаџиски, Иван Бојаџиски и Благој Лазаров, кој во 1993 година, кога стартуваше фестивалот, беше претседател на Општина Виница и стана негов најголем лобист. Посебно признание му е доделено и на Ѓунер Исмаил, кој во таа година беше министер за култура и со негово залагање фестивалот имаше силна финансиска поддршка. Признание му беше врачено и на Миле Ѓоргијоски како член на првиот Совет на фестивалот.

Фестивалот „Ин Виница Веритас“ свечено беше отворен синоќа со изложбата на карикатури пристигнати на конкурсот и со кабаретската претстава „Од две мајки браќа“ со охриѓаните Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски во двете улоги.

Согласно усвоената програма, вечерва (вторник, 23 овој месец) во 13 часот ќе се одржи работилница под наслов „Театарски речник од деца за деца“, ќе биде отворена изложба на карикатури од Дарко Дрњевиќ, и ќе биде промовирана книгата „Трагачи по парадокси“ во рамките на интернационалната вечер на хумор и сатира. Ќе настапат и поголем број македонски афористичари.

Во среда, на 24 о.м.ќе биде прикажана театарската претстава „Кец на десетка“ на МНТ, во четврток на 25.о.м. публиката ќе има можнст да ја види претставата „Љубов под хипноза“ на аматерскиот театар Трјавна од Бугарија, на 26 ќе настапи Театар на комедија со „Дони Дарк“, а последниот ден, 27 о.м. е резервирана за комедијата „Мани, мани, мани“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманов

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе