ВИНИЦА: Teракотните икони ќе бидат изложени во Белград

Виница, 22.11.2018

Копии од дванаесет теракотни икони ќе бидат изложени во Белград, главниот град на соседна Србија. Изложбата ќе биде отворена на 1-ви декември годинава во уметничката галерија во куќата на Ѓура Јакшиќ на знаменитата Скадарлија.

Според Јулијана Иванова, директорка на музејот Теракота во Виница, изложбата е планирана во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ како проект од меѓународната дејност кој музејот го доби од Министерството за култура.

TERAKOTA 3„Иконите ќе бидат изложени на покана од „Македониум“, здружение на граѓани од македонска националност на Белград. Цел на изложбата е промоција на македонската култура, јазик и традиција“, информира Иванова.

Теракотните икони кои во средината на осумдесеттите години од минатиот век беа откриени на археолошкиот локалитет Виничко Кале предизвика светска сензација и како такви беа презентирани на посебни изложби во Ватикан, Париз, Анкакра, Виена, Загреб, Белград, Утрехт, Оксфорд, Љубљана…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе