ЈУБИЛЕЈНА ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА „50 ГОДИНИ ЛИКОВНА ХРОНИКА НА ОХРИД“ ОД СЛАВКО УПЕВЧЕ

Охрид, 6 јули 2019 (Либертас)

– Познатиот ликовен уметник од Охрид, академскиот сликар Славко Упевче, синоќа, прослави редок јубилеј – 50 години од првата самостојна изложба.

66439886_692045021235646_8953136985262784512_nВо атрактивниот галериски простор во Куќата на Робевци во Охрид, отвори ликовна постановка, а, исто така, ја промовираше монографијата 50 години ликовна хроника на Охрид.

Славно Упевче е автор на тесктот, дизајнот е на неговиот син Никола Упевче а преводот на англиски го направи катерина Упевче – Потер.

Печатена е во „Коста Абраш“ во Охрид.

66044691_367812627207812_5434849189701877760_nНа едно место се изложени повеќе од 50 оригинални дела, од разни фази на уметничкото творештво на Упевче, а ќе биде презентирана и неговата монографија.

65846247_391177941527822_3120711434703470592_n-Охрид мене ќе ми остане трајна преокупација. Има толку многу моменти во 365 дена од годината кои заслужуваат да бидат забележени и овековечени но не фотографски туку во секоја слика авторот остава дел од себе, како тој го доживува тој предел. Јас го сакам Охрид во сите годишни времиња, а го сликам архаичното, она што е чисто охридско, што го нема во другите градови. Ја сликам атмосферата. Ја сликам светлината на градот, на Лихнидос, вели Упевче.

Јубилејната и ретроспективна изложба на Упевче ќе биде отворена до 18 јули.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе