Зошто го сакам мојот Штип?

Штип, 10.04.2018

Текст и фото: Зоран Сичев
Текст и фото: Зоран Сичев

Зошо го сакам Штип, мојот град ? Затоа шо и он ме сака мене. Ваков или таков Штип секогаш е убав. Градот си има се . Штип е мој град, град у кој сум се родил ,град у кој сум израснал, град у кој работам и живеам.

Не може, а да не го сакам.

Сакам го зашо тука сум го поминал најубавио дел од живото (детството),заради мојто семјество,заради мојто маало каде по ден сме играле топка, а навечер кришум сме ги краделе сливите и кајсиите од комшиските дворови.

Сакам го заради оранжадата на Тоде содаџијата, сакам го заради Славко и неговата прочуена изрека ‘’ГЛЕДАШ СЛИКИ БРЗО РАСТЕШ’’, заради чаршијата ,киното , корзото ,парко кај Бриони, заради првомајските излети у Сутлако , заради Коџалица ,заради Отиња која знае да поплаве , заради Исаро ,заради К’ро каде како деца сме оделе да береме дренки.

Гледаш слики брзо растеш
Гледаш слики брзо растеш

 

Прва љубов
Прва љубов

Сакам го заради Кумлако кој со својте расцветани миндали ја покажува сета убавина у пролет, заради Клисибаир од каде шо погледо накај Штип е прекрасен. Сакам го зашо за него ме врзуват убави спомени, личности , мојте најблиски.

Сакам го оти тука сум се родил. Сакам го зашо тука се научи да го возам мојот Пони точак .Сакам го оти тука прв пат падна и си го направи белего на ногата кој и ден денеска си го носам. Сакам го Штип оти тука ја доживеа првата љубов. И оваа љубов остана љубовта на мојо живот.Сакам го оти тука го запали првото цигаре, сакам го заради првата игранка у салата на Гимназијата ,сакам го заради Макфест, сакам го заради Ориент со убавите чорби, сакам го заради Заки , Ихмет Јајата ,Тафето….

Штип
Штип

Сакам го заради Каната и неговите пастрамалии. Сакам го оти летата се изгор жешки, а ветеро силен .

И за крај би напишал сакам го мојо Штип оти тука е мојо дом и тука се осеќам најубаво и можам да зборам, а и да пишувам по штипски …… за исток пресс.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе