Коритот на Отиња се уредува

Штип, 01.03.2019

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорите на двете јавни Живко Тасев на ЈП Исар и Саше Пророгеров на ЈП Стипион извршија увид во започнатите градежни активности во коритото на река Отиња кај Ново Село.

ОТИЊА 1Се работи за уредување на дел од коритото, каде јавните претпријатија во идниот период ќе вршат земјени работи, бетонирање на коритото, изградба на пешачка патека, ќе се работи на систем за наводнување и поставување на урбана опрема.

 „Се работи за проект кој го ветивме и кој сакаме да го продолжиме со реализација и да го завршиме во текот на оваа година.

Се работи за 500 метри од мостот на црквата СВ. Никола до вливот на река Отиња во река Брегалница, а тоа значи дека ни останува да се доврши планирањето на земјените работи, насипувањето на дел од коритото и веднаш потоа продолжуваме со бетонските работи,“ изјави Бочварски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе