Штип: Со џип паднал во Отиња

Штип, 01.03.2019

СВР Штип јави дека денес околу 13.10 на ул. Маршал Тито во близина на хотел Оаза патничко моторно возило џип Волво со штипски регистарски ознаки управувано од И.Б.(72) од Штип излетало надвор од коловозот и паднало во коритото на река Отиња.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе