МАКЕДОНИЈА: Ако сакате да го допрете рајот, дојдете во Аурора на Беровско езеро

Берово, 21.07.2018

Луѓето сонуваат за рајот. Се прашуваат како е во него. И каде е тоа. Каде е рајот. Постои ли такво нешто на земјината топка. Ја има ли таа убавина. Или е тоа само  мит создаван и создаден низ развојот на цивилизацијата.

02 Аурора нокеВикендов бев во едно место кое слободно може да се нарече – Рај. Бев во Аурора, рисорт и спа центар. Божја убавина која гордо стои на брегот над Беровското езеро. Две енергии на убавината, првата на природата и втората на Аурора и се што таа, со своите содржини и својата неверојатна структура значи, се споиле во една прекрасна синергија.

Но, што е Аурора рајот?

03 Аурора базенТоа се огромни густи шуми на Малешевските планини од кои дел се огледаат во водите на Беровско езеро. Пространи ливади, изобилство на шумски плодови, преубава патека покрај езерото, разновидна флора и фауна, дишење чист воздух….Сепак, оставаме приказната да ни ја раскажува Наде Пехчевска, организационенен менаџер во Аурора рисорт и спа центар.

04 aurora-resort-spa„Она кое посебно мора да се знае е фактот дека коридорот на кој е сместена Аурора  и на кој се наоѓаат овие прекрасни шумски простори е коридор четврти во светот по квалитет на кислород кој минува низ него. Тој ги прочистува градите, дишните органи, му дава нова енергија на организмот, го закрепнува телото, носи нови импулси на духот, ја подига на едно повисоко ниво творечката енергија, за кој било вид творештво да се работи. Со еден збор тоа е нешто што во подалечната наша околина го нема“, вели Наде.

Наде Пехчевска
Наде Пехчевска

Аурора ги освои срцата и духот на нашинците, но се поголем станува бројот на гости од страна кои, секој на свој начин, слушнале за Божјиот рај во Малешевијата, во Берово.

„Речиси и нема држава, од Европа посебно, од каде не сме имале гости. Во последните години, откако приказната за Аурора се пронесе низ Европа и светот, имаме и се поголем број свадби. Свадби правеле младоженци од Индија, Швајцарија, Америка од Македонија, гости доаѓале и доаѓаат од Австралија, Канада, Америка, Израел, Германија, Австрија, од Дубаи, Србија, Бугарија Косово…Оние кои тука прават свадба ќе дојдат ќе го закупат целиот објект на ден, два или три, се радуваат на убавиот чин и за сето време, со сите свои сетила, уживаат во овдешните убавини. Посебен впечаток ни остави нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров кој ни беше гостин и го искажа своето воодушевување. И уметничката Лена Бела, која 30 години живеела во Париз, а сега е во Македонија, и која го има прошетано светот, ни честиташе и рече дека вакво рајско место на друга локација нема видено“,  појаснува менаџерката Пехчевска.

Многу познати уметници боравеле тука. Восхитени од рајските убавини сликарите се фатиле за четкичките и боите и создале голем број уметнички дела. Тие денес ги красат сите простории на Аурора. Во секоја спална има уметнички дела, ресторанот е посебна приказна- личи на голема галерија исполнета со волшебствата на мајсторите на оваа уметност.

05 Аурора соби„На гостите им стојат на располагање 90 удобни кревети, надворешен голем базен чија вода ја загреваме ако за тоа има потреба, тука е и спа центарот, може да се игра пинг-понг или билијард, вљубениците во фудбалот го користат фудбалското игралиште, по зелените ливади слободно шетаат бели зајчиња, пауни, има коњи како атракција…Се што значи Аурора, сето тоа е наменето за да биде комплетно задоволството на гостите“, укажува Наде Пехчевска.

Аурора стана значен семинарски центар, се одржуваат бројни тим билдинзи, работилници, конференции, тоа е омилена дестинација и на новинарите кои тука одржале бројни собири…

„Неодамна две големи светски компании, производители на автомобили, кај нас, пред акредитираните новинари ги промовираа своите нови џипови. Гуру по јога  од Индија држеше часови на отворено за 150 лица, и поради тукашната природа и поради квалитетот на кислородот. Се на се, кој сака да види како би изгледа рајот го покануваме да не посети“, вели секогаш насмеаната менаџерка Наде Пехчевска.

Знам дека на крајот кога ќе го прочитате погоре напишаното ќе прашате: за цените?

Е, па работите по однос на ова прашање стојат вака:

Да е евтино – не е евтино.

Да е прескапо-не е прескапо.

Значи: треба да се дојде, да се доживее и да се створи еден личен, а комплетен впечаток.                                                   Иван Бојаџиски

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе